100 милиони луѓе ќе купат роботи во следните 5 години

Аналитичарите сметаат дека во наредните пет години ќе бидат продадени 100 милиони роботски уреди.

shutterstock_181049816

Роботите, за кои знаеме од книгите и филмовите ќе станат дел од секојдневниот живот за доволно голем број на луѓе, сметаат од аналитичарската фирма Tractica.

Иако претставата за роботи како големи придружници и слуги едвај ќе се реализира во скоро време, развојот на технологијата ќе постави пред машините нови предизвици надвор од основните и едноставни команди.

Еден од клучните фактори за раст на популарноста на потрошувачките роботи ќе стане напредокот во областа на вештачката интелигенција, особено – способноста на машините да се обучуваат сами.

Токму благодарение на зголемените можности ќе гледаме роботи во повеќе нови улоги.

Истовремено, научниците предупредуваат за опасноста од вештачката интелигенција, која може да излезе надвор од контролата на човекот.

Друг доста реален “страв” е можноста роботите да ги заменат луѓето во голем број области, што барем на почетокот може да доведе до силни нивоа на невработеност.

Оптимистите сепак ги гледаат работите поинаку – иднина во која сета непријатна работа се врши од машини со вештачка интелигенција.

Факт е дека сите овие стравови и надежи едвај ќе се реализираат во блиска иднина – роботите дури сега почнуваат да ги развиваат своите способности со кои ќе ги заменат луѓето. Во индустријата сепак роботите воведуваат опиплива промена, забрзувајќи и олеснувајќи голем број индустрии, а логично е тоа да се случи и со другите сектори.

- Реклама -