До 2025 година, се очекува Земјата да стане за 1.5 степени Целзиусови потопла од тоа што била во 1800-тите. 2016-та беше рекордно топла година во историјата на мерење на температурите, а беше трета рекордна по ред.
Анти Липонен – климатски научник од Финскиот метеоролошки институт, направи згодно видео што сликовито и многу јасно ги покажува промените. Се работи за анимиран графички приказ создаден од податоците собрани од Годард институтот на НАСА (Goddard Institute for Space Studies’ Surface Temperature Analysis ака. GISTEMP). Графикот ги прикажува температурните аномалии/абнормалности во многу различни земји.
Нема ни потреба да навлегувате во деталите. Доволно е да го погледнете графикот и ќе ви стане јасно. Почнува со светло сина и бледо жолта боја – тоа се температурите во 1900-тите. Завршува со долги, жар црвени пикови – тоа е денес.
Бидејќи графикот на видеото е направен врз база на податоци до 2016-та година, Анти Липонен дополнително го направи графикот за 2017-та во форма на слика. На ничие изненадување, на него се гледа дека јули 2017-та е новиот рекорд во температурни аномалии.
#TemperatureCircle for July 2017, the warmest July on record 🌡. #temperature #anomaly #GISTEMP #dataviz #climatechange #globalwarming pic.twitter.com/ijzKxXLoMw
— Antti Lipponen (@anttilip) August 16, 2017