1.Престани да им вршиш услуги на луѓето. Тогаш ќе дознаеш кој ти е вистински пријател.
2. Цени ги оние кои те ценат. Не се обидувај да им се допаднеш на оние кои постојано го понижуваат твојот дух. Неверојатно е колку малку луѓе ја сфаќаат оваа едноставна мудрост.
3. Не верувај на оправдувања. Ако човек сака да направи нешто, тој ќе најде начин да го направи.
4. Не ги суди луѓето по себе. Секој е подготвен на различни жртви за другиот. Научи да ги цениш туѓите.
5. Никогаш не суди избрзано. Секој човек носи во себе свет кој е невидлив однадвор. Секој води своја лична борба и има свои лични страдања и маки.
6. Верувај им на делата, не на зборовите.
7. Пријател ти е оној кој останува до тебе и во најтешките моменти. Човекот кој те бара само кога си во најдобро расположение, не те заслужува.
8. Никогаш не плачи за човек кој не би пролеал солза за тебе.
9. Кога често се среќаваме со одредени луѓе, тие стануваат дел од нашите животи. И како што стануваат дел од нашите животи, почнуваат да се обидуваат да ги променат. И се лутат кога не го правиме она што тие го бараат од нас, бидејќи секој мисли дека знае како другиот треба да го живее својот живот, но всушност никој не знае како треба да го живее својот.
10. Не очекувај да бидеш се за многу луѓе. Сонот е да се биде нешто за еден човек.