Маја Анџелоу, реномираниот поет и автор, почина во средата наутро на 86 години.
Во знак на славење на нејзиниот живот и во чест на незјиното наследство, со овие 10 мотивациони цитати е загарантирано разбудѕвање на чувството на решителност, гордост и сочувство.
„Успех е сакањето на себеси, сакањето на тоа што го работиш, и сакањето на начинот на кој работиш.“– Маја Анџелоу
„Јас сум жена
Феноменално.
Феноменална жена,
Тоа сум јас.“ – Маја Анџелоу, „Phenomenal Woman”
„Ништо нема да работи доколку не го направите.“ – Маја Анџелоу
„Ако не ви се допаѓа нешто, променете го. Ако не можете да го промените, променете го вашиот став.“ – Маја Анџелоу
„Обидете се да бидете виножитото во нечиј облак.“ – Маја Анџелоу, „Letter to My Daughter“
„Можеби не можеш да ги контролираш сите настани кои ти се случуваат, но можеш да одлучиш да не бидеш потиштен од нив.“ – Маја Анџелоу
„Сакам кога гледам млада девојка која излегува и го зграпчува светот за реверот. Животот е кукча. Мора да излезеш и да бидеш ефективен.“ – Маја Анџелоу
„Ние сме воодушевени од убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените низ кои поминала за да ја достигне таа убавина.“ – Маја Анџелоу
„Мојата мисија во животот не е само да преживеам, туку да напредувам; и да го направам тоа со малку страст, сочувство, хумор и стил.“ – Маја Анџелоу
„Научив дека луѓето ќе заборават што си рекол, луѓето ќе заборават што си направил, но луѓето никогаш нема да заборават како си ги натерал да се чувствуваат.“ – Маја Анџелоу