10 теории за Сонцето, Вселената и 2012

Повеќе...Сите сме запознаени со предвидувањата и приказните за 2012. Тогаш светот каков што го знаеме ќе го снема, човештвото ќе биде истребено…и уште многу други работи. Вистина или не, сепак овој мит е многу популарен и дебатиран. Но, не е само тој – ви претставуваме 10 митови, односно теории за нашето Сонце, Земјата и општо за Вселената.

Сите сме запознаени со предвидувањата и приказните за 2012. Тогаш светот каков што го знаеме ќе го снема, човештвото ќе биде истребено…и уште многу други работи. Вистина или не, сепак овој мит е многу популарен и дебатиран. Но, не е само тој – ви претставуваме 10 митови, односно теории за нашето Сонце, Земјата и општо за Вселената.

10. Holocene групата: многу почести астероидни удари

tunguska_event_trees

Holocene групата е збир на научници од Австралија, Франција, Ирска, Русија и САД кои теоризираат дека нападите од метеори на Земјата се почести отколку што се мислело порано. Оваа група на научници вели дека Земјата доживува еден огормен глобален удар на секои 1.000 години. Тие тврдат дека геолошката формација наречена нашивка, која е во форма на клин и може да се забележи на бреговите, е создадена од мегацунами и астероидни удари. Оваа идеја е контроверзна, бидејќи пак други научници велат дека немало толку многу удари на астероди за да се објаснат сите такви формации ширум светот.

Holocene групата  знае дека нивното истражување е контадикторно на сето она кое се знае за ударите и цунамиата. Но, тие добија значајни резултати со нивното истражување и лоцираа неколку главни точки на удар на Земјата. Најглавна од нив е Burckle кратерот, кој е кратер под морето лоциран во источниот дел на Мадагаскар, во Индискиот океан. Локацијата на овој кратер е пронајдена врз база на докази од преисториски нашивки во Австралија и Мадагаскар.Точката на удар е многу голема и проценката е дека е широка 30 км. во дијаметар. На Burckle кратетор сеуште се нема направено радиометрички анализи, но цврсто се верува дека објектот (метеор или комета) удрил во Земјата помеѓу 2800 и 3000 година п.н.е., а тоа е пред 5.000 години. Многубројни цивилизации забележале дека имало голема поплава во овој период на Земјата и голем број на настани кои укажувале за катастрофа на Земјата.

Во 2003, друга точка на удар е забележана околу Нов Зеланд. Тој кратер е познат како Mahuika кратерот. Кратерот е 20 км. широк и преку 153 метри длабок. Овие откритија се доста интересни, бидејќи во годината 1400, домородците на Нов Зеланд целосно ги напуштиле нивните источни живеалишта. Историјата на овој настан му додавала и земјотрес кој предизвикал цунами, но не биле најдени специфични докази за земјотрес. Но, Mahuika кратерот ги објаснува честите мегацунамиа во овој дел на светот. Масивниот кратер се верува дека е од 1443 година п.н.е., пред само 567 години.

Последниот настан кога Земјата имала близок удар со метеор или комета е познат како Tunguska настанот. Tunguska настанот се случи во 1908, кога голема експлозија беше регистрирана во Tunguska реката во Русија. Експлозијата беше помеѓу 15 и 30 мегатони на ТНТ. Нејзината моќност е еквивалентна со 1.000 пати поголема сила од атомските бомби во Втората Светска Војна. Експлозијата уништи 80 милиони дрва на повеќе од 2.150 метри квадратни. Овој настан се верува дека е предизвикан од фрагнемнти на метероиди или комети кои биле од 5 до 10 км. над површината на Земјата, што значи дека тие комети никогаш не ни удриле во Земјата. Tunguska настанот е најголем настан предизвикан од метеор или комета во скорешната историја на Земјата. Но, сите удари со слична големина околу океаните се незабележани пред доаѓањето на системот за глобален сателитски мониторинг во 1960 и 1970.
Во 2002, B612 фондацијата беше основана.
B612 е приватна фондација која е посветена за заштита на Земјата од астероидни удари.
Нивната цел и мото е „значајно внимавање на орбитата од астероди до 2015“

9. 24 Соларен круг и неговиот максимум

suncombo1_prev

Енергијата на Сонцето го подржува целиот живот на Земјата. Тоа исто така и го контролира времето и климата на Земјата. Во 1843, германскиот астроном Семјуел Хајхрих Шваб открил шаблон додека го внимателно го следел Сонцето во период од 17 години. Тој забележал периодична варијација на бројот на сочневите дамки на Сонцето. Тој докажал  дека сончевите дамки се индикатори за интезивна магнетска активност на Сонцето, создавајќи области со намалена површинска температура. Сончевите дамки создаваат соларни пламени во регионите околу тие области. Соларниот пламен е голема експлозија во атмосферата на Сонцето, кој што емитува радијација низ електромагнетниот спектрум. Соларните пламени се опасни и можат да предизвикаат соларни ветрови, па дури и геомагнетски бури на Земјата.

На секои 10.7 години, Сонцето минува низ соларен круг. Овој круд директно ги менува временските шаблони на Земјата и влијае врз климата на Земјата. Соларниот круг е обележан со две екстреми – соларен максимум и соларен минимум. Соларниот минимум е периодот на најмала соларна активност, додека пак соларниот максимум е кога Сонцето е полно со сончеви дамки, соларни ерупции и облаци со електричен гас кој одат во вселената. Од 1755, имало 23 соларни кругови.
Во 2008, Земјата влезе во 24 соларен круг на Сонцето. Предвидено е дека Сонцето својот соларен максимум ќе го достигне во 2013. Проповедниците на теоријата за 2012 го користат овој круг како доказ за крај на Земјата, со тоа што ќе се случи некаков катаклизмичен настан. Во 2008 и 2009, Сонцето беше во својот соларен минимум. Многу научници беа загрижени од тој факт, вклучувајќи го и Мајк Хапгуд, кој е главен во тимот на Европската Вселенска Агенција. Тој предвиде дека во 2013, соларниот максимум ќе биде најголем во последниве 100 години.

Во 2010, НАСА објави вознемирувачки извештај во кој се тврдеше дека Земјата може да биде погодена со голема магнетска енергија од соларните пламени, за време на соларниот максимум. Во извештајот го имаше зборот „супер бура“ и го предупреди човештвото за катастрофалните последици врз светското здравје и националната безбедност. Директорот на хелиофизичката дивизија на НАСА, докторот Ричард Фишер, изјави: „Знаеме дека доаѓа, но не знаеме колку лошо ќе биде. Ќе ги прекине сите комуникациски направи, како сателитите, автомобилските навигации, воздушниот сообраќај, банкарските системи – се што е електронско“

8. Моменталната акција околу соларниот маскимум и други соларни експлозии

spt

Уште од почетокот на Октомври 2010, сончевите дамки постојано се појавуваат на Сонцето. Многу вебсајтови се посветени на документирање на овие активности. Земјата моментално е во 24 соларен круг и се очекува соларни пламени. НАСА моментално извршува вселенска програма наречена „Живеење со Ѕвездата“, чија цел е да се видат различните аспекти на Сонце – Земја системот и да откријат како тој влијае на животот и општеството. Поспецифично, како Сонцето „соработува“ со вселенското време и геометриските бури. Првата мисија од оваа програма беше лансирна на 11 Февруари, 2010 – и наречена е Соларно Динамична Опсерваторија (СДО). Целта на оваа мисија е активно да го следи Сонцето и да го фотографира 5 години, додека преминува во соларниот максимум.

Најдоброто место во светот за интергалактички опсервации е Јужниот пол. Високата надморска височина на полот и екстремно ладното време ја прави атмосферата потенка. Во 2007, Националната Научна Фондација од САД ја заврши градбата на телескопот на Јужниот Пол. Во Декември 2009, камерата на телескопот беше модернизирана и надградена.

Има тврдења во кои се вели дека телескопот на Јужниот пол се користи за тајни опсервации на астероиди и други вселенски тела. Најголемиот соларен пламен беше забележан од ѕвездениот систем II Pegasi, кој е лоциран 135 светлосни години од Земјата. Потекнуваше од ѕвезда која е значително помала од Сонцето. Беше проценето дека енергијата од тој соларен пламен е еквивалентна на 50 милиони трилиони атомски бомби. Ова ниво на енергија може да го истреби целото човештво.

7. Соѕвездието Orion Nebula

dazzling_image_of_orion_nebula

Orion Nebula е една од најпрепознатливите глетки во вселената. Соѕвездието е група од масивни ѕвезди и е најблиско соѕвездие до Земјата, а интересно е тоа што може да се види со голо око. Но, има теории кои тврдат дека околу соѕвездието има ѕвезди кои се опасни за Земјата. Се тврди и дека владите знаат за ова, но го држат во тајност.

Сите сме запознаени дека календарот на Maya Long Count завршува на 21 Декември 2012. Навидум, Maya народот од Централна Америка има фолклор во кој е вклучен делот од небото каде што се наоѓа соѕвездието, наречен Xibalba. Зборот, грубо преведен, значи „место на стравот“. Исто така, во нивниот фолклор се тврди за големи пламени оган кои излегуваат од соѕвездието. Ова е чудно, бидејќи никој од астрономите го нема тоа забележано. Всушност, соѕвездието не ни се спомнува пред 17 век.

Фолклор или не, вселенските програми кои го истражувале ова соѕвездие забележале голема емитација на ѕвездени ветрови, кои во многу случаи се многу поопасни од соларните ветрови на Сонцето.

6. Нарушување на глобалната клима

global-warming-polar-bear

Најновите прес конференции индицираат дека Белата Куќа преферира терминот „глобално затоплување“ да се замени со „нарушување на глобалната клима“. Причината за ова е тоа што терминот „глобално затоплување“ го потценува проблемот и ја прави ситуацијата помалку опасна отколку што всушност е. Ние сега доживуваме промени во временските шаблони какви што немало одамна и феноменот не е само до затоплувањето. Секој кој го изучувал глобалното затоплување го знае ова бидејќи од 1998 до 2009, Земјата не забележала зголемување на глобалната температура. Всушност, 2007 и 2008 беа едни од најладните години со декади, а ефектите на стаклената градина сепак се зголемени.

Во Декември 2009, 650 светски климатологисти на конференцијата за глобалното затоплување во ОН, изјавија дека глобалното затоплување од ефектите на стаклената градина не е ништо друго освен медиумски мит, кој не е подржан со никакви докази. Др. Кунихико, од Јапонскиот Институт за наука и технологија, изјави: „Емитувањето на јаглеродниот диоксид не прави апсолутно никаква разлика…секој научник го знае ова, но не не плаќаат за да го кажуваме тоа“. Со соларниот максимум, се очекува да се
зголеми површинската температута на Земјата во следниве неколку години. Но, научниците тврдат дека ефектите од стаклената градина предизвикани од човекот се причината за нашата моментална нарушена клима. Ако ова не е така, навистина не е јасно зашто цело време не лажеле.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Моментално мислењето за нарушувањето на климата е поделено, но се повеќе се верува дека стаклената градина е предизвикана од човекот, а не од самата природа. Народот во Европа и Јапан најмногу покажува грижа за ова, додека народот во САД и Кина покажуваат најмал процент на грижа. Теориите се дека за глобалното затоплување и нарушената клима воопшто не е виновен човекот, но така се тврди за да се скрие вистината за 2012, кога планетарен објект ќе се приближи до Земјата и ќе ја помести од својата оска. Се тврди дека ова ќе ја зголеми климата на Земјата и дека многу глечери ќе се растопат.

5. Земјотреси и експлозии на цевководите

califfire99jpg-1f959c04771417b9_large

Скорешните истражувања сугерираат дека влијанието на Сонцето врз тектонските движења на Земјата е поголемо отколу што се мислеше досега. Научниците докажаа дека звук кој е длабоко во Сонцето, може да предизвика мрдање и вибрирање на земјиштето на Земјата. Флотата од петте THEMIS летала на НАСА открија дека одреден тип на вселенско време ќе предивика потреси во вселената и поместувања на магнетните полиња на Земјата. Потресите во вселената не значат штети само во вселената, туку и на површината на Земјата.

Исто така, се тврди и дека потресите во вселената кои „работат“ заедно си Сонцето можат да предизвикаат електрични празнења близу Земјата, со кои е можно попречување на радио комуникациите и ГПС системите. Соларниот максимум во 2013 само ќе го зголемат ова однесување. Во 2010, светот беше погоден со серија на големи земјотреси, кои најголемите беа во Чиле и Хаити. Но, земјотресите стануваат се почести. Во Јануари и Февруари имавме земјотреси од преку 6 степени. На 4 Април 2010, земјотрес од 7.2 степени ја погоди Калифорнија. Денот потоа, градот San Andreas доживеа 500 последователни шокови од 2.5 степни или поголеми.

Годината 2010 исто така беше и година на цевководни катастрофи. На 9 Септември 2010, San Bruno во Калифорнија доживеа масивна цевководна експлозија која резултираше со големи штети. Веднаш после несреќата, вестите објавуваа многу приказни со кои ја ставаа на прашање безбедноста на цевководите ширум земјата. Експлозијата во San Bruno беше предизвикана откако цевка беше скршена, која испушти голема количина на природен гас. Не се знае како цевката се искршила, но во многу случаи причината е мал земјотрес. Ако соларниот максимум ќе предизивкува земјотреси на Земјата, тогаш цевководите се голем проблем. Времето ќе покаже како ќе се соочиме со сето тоа.

4. Поместување на половите

screen-shot-2010-10-13-at-4-35-09-pm

Чарлс Хапгуд е Американски академик кој ја разви хипотезата за поместување на половите. Теоријата сугерира дека Земјината оска на ротација е поместена неколку пати во геолошката историја. Таков настан би предизвикал катаклизми на Земјата, како што се масивни поплави, земјотреси и студенило. Чарлс бил дипломец на Хардвард и пријател на Алберт Ајнштајн. Всушност, Ајнштајн бил воодушевен од истражувањата на Чарлс и ги дискутирал во своите книги. Чарлс сцојата идеја ја базирал на археолошки мапи, каде што се покажува како на Антартикот има реки во течна состојба.

Хапгуд увидел дека на мапите, Карибите биле околу 90 степени од врвот на Јужна Америка, давајќи и на Земјата „алтернативен север“. Тој исто така користел и паеонтолошки податоци од мамутите и други стари истребени животински видови, кој биле пронајдени замрзнати на Јужниот Пол, со несварена вегетација во нивните стомаци. Ова сугерира дека се случила таква катаклизма која веднаш ги убила овие животни. Според Чарлс, Земјата досега 3 пати се поместила од својата оска во последните 100.000 години, а последен пат пред околу 12.000 години.

3. Восток езерото

3681517097_1269d3287a_z

Восток станицата е Руски Антартички истражувачки центар кој е лоциран на јужниот пол, на местото каде што досега е измерена најниската температура на Земјата. Во 1970, поранешниот Советски Сојуз започна проект со бушење на големи дупки во мразот под Восток станицата. Оваа активност покажа на субглечерски езера закопани во мразот. Најголемото откритие беше Восток езерото, кое е огромна маса на вода на површина од 15. 690 метри квадратни, а лоциран е на 4.000 метри под површината на мразот. Ова езеро е едно од најбизарните и најзначајните откритија во скорешната историја. Мали острови се откриени на езерото и температурата на водата е од 50 до 65 степени.

Неверојатно е тоа што под замрзнатиот Јужен пол е пронајден изолиран еко систем со примероци на неидентификувани бактерии. Многу чудни магнетски аномалии се забележани близу езерото Восток. Ова предизвика научниците да објават дека Земјината кора е најверојатно потенка околу езерото Восток, но многу теоретичари на заговор се поборници на идејата дека тоа е така од металите, како што ги има во старите антички закопани градови. Оригиналната идеја за бушењата длабоко во мразот беше да се измерат поранешните временски температури. Со бушењето се извадија податоци дека геолошката ера Holocene која започнала пред 12.00 години – ќе заврши наскоро.

Восток езерото им даде важни податоци на научниците, индицирајќи дека промените на површината на Земјата можат да се случат наеднаш и насилно, што е директно спротивно на моменталниот геолошки модел. Според научниците, последната ваква промена се случила пред 13.000 години. Сите овие потадоци ја подржуваат идејата на Чарлс Хапгуд за поместувања на половите. Неочекувана промена на површина на Земјата која е спротивно од Сонцето може да ја направи таа површина вечен мраз.

2. Сударот со Nibiru

505484863

Најдискутираната теорија на заговор околу феноменот 2010 вклучува голем објект наречен Nibiru. Се вели дека оваа планета е во орбита со Сонцето и дека ќе влезе во атмосферата на Земјата, предизвикувајќи голема катастрофа. Nibiru порано бил користен за објаснување за поместувањата на половите и катастрофални настани во минатото на Земјата. Дискусиите на Интернет велат дека Maya народот ја разбира патеката на Nibiru и предвиделе кога ќе дојде до Земјата. Но, како и да е, Maya народот ја немал таа технологија која ја имаме денес, па ако ова е точно, ова е голема тајна криена од владите. Во 1983, мисијата IRAS беше лансирана во вселената и стана прва вселенска опсервација што ќе изврши истражување на целото небо со инфрацрвени бранови должини. Мапираше 96% небото 4 пати. Медиумите тогаш објавија дека е откриен „непознат“ објект, голем колку планетата Јупитер и толку близу до Земјата што можеби е дел од нашиот соларен систем. Но, подоцна се кажа дека овие извештаи се лажни.

Во 1984, светските лидери одлучија дека е време да се направи глобална банка на семиња – и така почна со зачувување на семиња во напуштен рудник во Svalbard, Норвешка, на само 1.300 км. од Северниот Пол. Оваа банка на семиња официјално беше отворена на 26 Февруари 2008. Под силно обезбедување, објектот содржи околу 1.5 милион примероци на семиња од агрокултурата. Целта на ова е да се има резерва на сите семиња, во случај на глобална катастрофа. Во 1984, астрономот Персивал Ловел беше убеден дека Уран и Нептун малку излегле од своите орбити. Тој заклучи дека поместувањето на двете планети е под влијание на некој поодалечен, но поголем објект.

Астрономите велат дека објект со толкава големина лесно би бил видлив и за голото човечко око. Луѓето на тоа велат дека објектот се наоѓал зад Сонцето неколку години и дури сега станал видлив, откривајќи се себеси како второ Сонце. Илјадници слики се појавија на Интернет, тврдејќи дека Nibiru објектот е на нив, но неможе со сигурност да се знае дали се работи за ставање на второ сонце во Фотошоп. Луѓето исто така вели и дека скоро откриената џуџе планета Eris е всушност Nibiru. Планетата Eris е најголемата планета џуџе во нашиот соларен систем и е деветто најголемо тело кое директно орбитрира околу Сонцето. Бидејќи Eris е 27% поголема од Плутон, опишана е како „десетта планета“ од страна на НАСА. Многу вебсајтови веќе објавија дека Eris ќе биде најблизу до Земјата во 2012 и ќе направи големи гравитоциони проблеми.

1. Губење на електрична енергија

electric-storm-8x6

Не е тајна дека луѓето се многу зависни од електронските направи. Уште од појавувањето на компјутерот, електричната енергија и комукацискте системи се контролирани преку компјутерски мрежи. Но, факт е дека електричната енергија е сензитивна на магнетната енергија. Како што Земјата ќе влезе во соларниот максимум, ќе биде подложена на магнетни бури. Геометричките бури се поврзани со соларните пламени и се генерирани од соларни ветрови, кои ги напаѓаат магнетните полиња на Земјата. Соларните ветрови вршат притисок на електричните празнења во ионосферата, предизвикувајќи магнетни бури на Земјата.

Ако искусиме геомагнетни бури во атмосферата, тогаш големи количества на радијација ќе бидат испушптени. На Земјата, директна штета ќе имаат светските електрани, комуникациските сателити и на сите електрични работи. Ние луѓето, ќе мора да смислуваме сценарија и да бидеме подготвени на огромени површини без електрична енергија подолго време. Најмногу погоедни веројатно ќе бидат деловите на јужна Европа и Британија, кои имаат „нежна“ електрична енергија. Националната Академија на Науки има издадено различни ситуации, односно сценарија без електрична енергија. Сите влади се предупредени за ова, со цел да бидат подготвени на ГПС навигацијата, воздушниот сообраќај и радио комуникациите. Националниот Ризичен Регистар во Британија веќе има планови во случај на губиток на електрична енергија.

Во 1989, електромагнетска бура ја исклучи електричната енергија во Квебек и предизвика визуелна аурора се до Тексак. Најлошиот случај на ваква бура е забележан во 1859, за време на 10 соларен круг. За време на бурата, аурори биле видени ширум светот и сите телеграфски системи во Европа и Северна Америка паднале. Телеграфите буквално започнале да искраат, предизвикувајќи големи пожари и штета. Во Август 2010, Сонцето имаше соларни бури кои пламените беа насочени кон Земјата. Пламените беа толку силни што предизвикаа аурора која се гледа со голо око. Оваа бура повторно ги натера научниците да се преиспитаат дали електричната инфраструктура е доволно безбедна од магнетни бури.

- Реклама -