Менталните болести самите по себе се чудни, но има од чудните почудни.
Капграс синдром: Да се верува дека постои измамник во семејството
Ова е ретка болест каде личноста има погрешно верување дека познаник, обично близок член на семејството е заменет со измамник кој изгледа идентично.
Синдром на странски акцент: Кога го зборувате вашиот јазик со акцент
Овој синдром предизвикува луѓето да го говорат нивниот мајчин јазик со одреден странски акцент, на пример, Македонец кој говори со американски акцент. Обично следи по одредено оштетување на мозокот, како мозочен удар.
Трискаидекафобија: Страв од бројот 13
Адолф Хитлер бил трискаидекафобичен. Специфичен страв од Петок 13-ти се нарекува параскаведекатрифобија.
Бигорексија: Премногу вежбање
Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување каде индивидуата станува опседната со тоа дека нивното тело не е доволно мускулно развиено.
Мускулната бигорексија кај индивидуите предизвикува:
– Нон стоп да се проверуваат во огледало
– Да станат вознемирени ако пропуштат вежбање
– Да земаат потенцијално опасни дроги(стероиди)
– Запоставуваат работа/врска/семејство поради вежбање
Библиоманија: Собирање премногу книги
Библиоманија е опсесивно-компулсивно пореметување кое инволвира собирање книги до точка каде социјалните врски и здравјето се оштетени. Симптоми на оваа болест се купувањето на повеќе копии од истата книга или едиција и акумулација на книги која оди преку возможниот капацитет на користење.
Синдром на експлодирачка глава: Силна врева во главата
Ова предизвикува пациентот повремено да искусува ужасно јака врева која наводно доаѓа од неговата глава, обично опишана како експлозија или грмење. Ова најчесто се случува час или два по заспивање, но не е резултат на сонувањето.
Трихотиломанија: Потребата да се отстранува коса
Трихотиломанијата е карактеризирана со повторувачката потреба да се отстрани косата, трепките, брадата, пубичните влакна, веѓите или влакна од другите делови на телото.
Синдром Минхаузен: Лажно боледување со цел да се придобие внимание
Кај овој синдром болниот се преправа, претерува, симулира или креира синдроми на болест со цел да придобие внимание, симпатија или комфорт кај медицинскиот персонал.
Целебрифилија: Патолошка желба да се има секс со славна личност
Целебрифилијата е абнормално силна желба да се има романтична и/или сексуална врска со славна личност.