Се трудите најдобро за да оставите позитивни импресии. Се однесувате на начин за кој мислите дека ќе и се допадне, а потоа ќе и кажете што сака да слушне. Но, некако и најдобрите ваши намери не се доволно добри. Ви звучи познато?
Сепак многу мажи се однесуваат на одреден начин бидејќи мислат дека тоа ќе им помогне. Тие плачат и глумат нешто што не се, само за да добијат неколку екстра поени. Но, кога ќе се однесат работите во крајност, овие однесувања знаат да бидат работи кои ќе ја изнервираат најмногу.
Следното е листа на 10 такви навреди кои мажите ги прават редовно. Тоа се однесувања кои жените наводно ги сакаат, но за жал, користени прекумерно може и да бидат навредливи. Па, не дозволувајте вашата врска да пропадне поради неколку недоразбирања. Прочитајте ги овие 10 работи за тоа што треба да сторите, или поточно – што не треба, за да останете со неа.
1. Ја барате по телефон премногу често
Не само што ова ве прави да изгледате посесивен и зависен, туку и дополнително ја нервира. Ако сте постојано зад телефонот, ја губите вашата аура на мистерија и независноста која знае да биде интригантна.
Наместо тоа: За секои 2-3 пати кога ќе и се јавите, таа нека се јави барем еднаш за да се обезбедите дека повиците се двонасочни.
2. Не плачете
Слушате повремено како сака чувствителен маж, па почнувате со солзи кога сте емотивен. Грешка. Плачењето ве прави премногу емоционален, па дури и нестабилен. Таа сака да биде со некој силен, некој со капацитет да ја заштити. Да не го спомнуваме плачењето во јавност: тежок срам за неа, а тоа е една од најголемите навреди.
Наместо тоа: Освен ако нешто навистина трагично се случило и вашите солзи се вистински, одбегнувајте да плачете пред неа. Да се биде чувствителен на нејзините потреби е важно, солзите не се.
3. И покажувате премногу внимание во јавност
Правило бр.1: Никогаш не срамете ја во јавност. Серенади, гушкања и слично пред луѓе може да го направат токму тоа. Ќе размислува да прекине со вас, а тука е и екстра притисокот од пријателите и фамилијата дека сте посесивен, несериозен и обичен глупак.
Наместо тоа: Некои жени навистина сакаат да им обрнувате внимание во јавност, но правете го тоа деликатно одејќи по тенката линија. Започнете со мало пецкање и обрнете внимание на нејзината реакција пред да започнете со серенадите.
4. Користите бебешки јазик за да бидете допадливи
Лигаво е, кич е, глупаво и вртоглаво. Треба ли да се каже повеќе? Бебешкиот јазик е за бебиња, вие сте возрасен маж.
Наместо тоа: Дозволено е да имате чудни прекари и слатки интерни шеги, но престанете тука. Освен ако таа не почне да зборува бебешки прва и ви даде силна индикација дека го сака тој тон на комуникација, направете си услуга и заборавете на бебешкото однесување.
5. Премногу се приспособувате на неа
Да, важно е да и дадете да одбере филм од време на време, но забога немојте да го гледате Dirty Dancing по 11-ти пат! Треба да се приспособите до некој степен, меѓутоа да останете со ‘рбетот на тело. Не ја прашувајте за дозволи бидејќи тоа предизвикува еден вид мајка-дете динамика, што сигурно не е она што таа го бара во врската.
Наместо тоа: Земете си го ‘рбетот и покажете и дека сте способни сами да решавате. Одберете филм, ресторан или ТВ шоу повремено, без жалење за изборот. Всушност тоа е основата на компромисот – некогаш таа одлучува, некогаш вие.
6. Преблиски сте со нејзиното семејство и пријатели
Нормално е дека таа сака да бидете блиски со нејзиното семејство и пријателите, меѓутоа не да играте ластик со сестра и или пак да правите торта со мајка и – особено во раниот период од врската.
Наместо тоа: Вашата врска со нејзиното семејство и пријателите е нешто што треба да се развие со време. Бидете блиски од дистанца и полека ќе влезете во кругот.
7. Премногу долго се дотерувате
Една жена генерално не сака мажот да поминува повеќе време во дотерување од неа. А и повеќе дотерување најверојатно ќе влијае негативно на вашата сексуална привлечност.
Наместо тоа: Бидете чист, испеглан и мирисајте убаво, но олабавете со третманите за лице и маникирот.
8. Ја изразувате вашата љубов прерано или пречесто
Знаеме дека можеби мислите дека патот до женското срце е преку „Те сакам“. Е, тука сте комплетно надвор од колосек. Таква декларација кажана прерано(или пречесто) само ќе ја исплаши, а најверојатно ќе ве стави и во крајно ранлива позиција ако не ви возврати.
Наместо тоа: Има време и место за се. Не го кажувајте затоа што мислите дека ќе ја импресионира, туку само кога навистина ќе го мислите. И ве молиме, лимитирајте се себеси да го кажувате 2-3 пати неделно.
9. Знаете да се изнаиграте
Дали кажувате работи како „Сакам да играм“ или „Ајде да одиме да играме вечерва“? Или кога треба да си одите од ноќниот клуб и велите „Само уште една песна“? Ако се наоѓате во некоја од овие реченици тогаш дефинитивно се преигрувате кога сте со неа. Вие сте екстремната спротивност на „Јас не играм“ типот на мажи и ризикувате да не бидете сфатен серизно. Таа може да помисли дека избегнувате да и купите пијалак или да направите муабет со неа покрај барот. Освен тоа, по долговечерното играње, најверојатно ќе бидете жива вода испотени. А да, и ќе мирисате лошо.
Наместо тоа: Не изгледајте толку возбуден. Таа евентуално ќе сака да поиграте малку, но немојте секогаш вие да бидете иницијаторот. Пробајте да разберете кога таа сака да игра и играјте со неа при секоја втора желба. И не заборавајте да направите пауза за да и купите Мартини.
10. Премногу зборувате
Не не интересира колку добар говорник сте, бидејќи ако понекогаш не знаете да молчите кога сте со неа, тоа скапо ќе ве чини. Вашето ломотење со време ќе и здосади. По волку напишан текст мислам дека веќе ја нервира.
Наместо тоа: Добро сте научиле дека жените сакаат некого кој ќе биде добар говорник и ќе го сподели тоа, но понекогаш оставете го гласот на маса и направете простор за неа. Поставувајте прашања и не заборавајте да слушате. И запомнете: Тишината е злато.
Можеби ќе ви треба време и ментално приспособување за да ги откачите сите овие стереотипни навики, меѓутоа клучот е во умереноста. Не мора да напуштате целосно било кое од овие однесувања. Едноставно држете ги под контрола и повремено направете некоја непредвидлива работа за која со сигурност знаете дека ќе и се допадне.