10 совети како да изгледате најдобро на фотографија

Повеќе... Мислите дека не сте фотогенични, дека фотоапаратот „не ве сака“ и не се препознавате на фотографиите?  Еве неколку совети за тоа како да изгледате подобро на фотографија.

how-to-look-good-in-photos-af.jpg

Мислите дека не сте фотогенични, дека фотоапаратот „не ве сака“ и не се препознавате на фотографиите?  Еве неколку совети за тоа како да изгледате подобро на фотографија.

1. Фокусирајте ги очите малку подолу од објективот од фотоапаратот, исправете го лицето и исфрлете ја брадата нанапред.
2. Јазикот зад забите и насмевнете се, ова ќе го опушти вашето лице.
3. Држете ги рацете покрај телото, но не залепени за него. За да изгледате природно, рацете треба да бидат малку оддалечени од телото.
4. Тестирајте ја облеката покрај бел ѕид на природен недиректен извор на светлина (под дрво, покрај прозорец доколку сте на затворено) – така ќе видите дали сината навистина е бојата која најдобро ви стои.
5. Избегнувајте ги стереотипите кога позирате.
6. На фотографија се е понагласено, затоа не претерувајте со шминката. За жените помлади од 30 години – малку маскара и сјај за усни, за оние постари од 30 години – само малку пудра.
7. Практикувајте го класичното позирање: Свртете се со телото кон фотоапаратот, со едната нога пред другата и едното рамо поблиску до фотографот. Кога сте свртени директно кон камерата, вашето тело изгледа покрупно.
8. Кога се фотографирате во исправена положба, вовлечете го стомакот, рамената исфрлете ги наназад, ‘рбетот држете го исправен.
9. Проучувајте ги фотогеничните луѓе и фотографиите во кои сметате дека изгледате најдобро. Видете кој ви е најдобриот агол. Ќе забележите дека на најдобрите фотографии се смеете или ви е забавно. Најдобрите резултaти обично се добиваат во моментот кога моделот е најрелаксиран и најведар.
10. За да ви биде поудобно кога се сликате, пробајте да ги затворите очите, потоа бавно отворете ги само момент пред фотографијата да биде направена.
Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -