Човековото тело е во состојба да предвиди случајни настани една и десет секунди во иднината(извештај на научниците Џулија Мосбриџ, Патрициј Тресоли и Џесика Утс, 2012), од Институтот за ноетични науки.
Нашиот мозокот е во состојба да го предвиди настанот, пред истиот да се случи.
До овој фантастичен заклучок стигнуваат во 2012 година метаанализите од експерименти спроведени од седум независни лаборатории во последните 35 години.
Во спроведените истражувања се проследиле психолошките реакции на учесниците, на кои им биле прикажани неутрални или провокативни слики, како и им биле поставувани неповрзани прашања со конкретните сознанија, на кои да давале одговор, со последователен фидбек.
Научниците утврдиле дека симпатичниот нервен систем е способен да реагира на дадената слика или да реагира соодветно пред сликата.
На овој начин она што обично го нарекуваме “претчувство”, академски назив (предвидлива активност – predictive anticipatory activity, или PAA), добива статус на реално постоечки психолошки феномен.
Авторите на извештајот посочуваат уште дека PAA е несвесен процес, а набљудуваните физички реакции поврзани со него, не се плод на напори. Напротив, тие се случуваат сосема природно, како без учество на човекот, дури и без тој да го забележи “одговорот” на идните настани.
Се разбира, научниците си го поставуваат прашањето, дали е можно да се научиме да ги забележуваме и толкуваме овие свои реакции и да ја прифаќаме свесно предметната информација, непосредно пред иднината.
За да го објаснат подобро откритието, истражувачите ја даваат следнава метафора со течењето на реката и стап. Ако замислиме дека реката го претставува нашето животно искуство (во временски проток), а прачката е „прекршокот” во него, предизвикан од надворешен настан, токму прекршокот води по себе бројни реакции, емоционални ефекти и др
Најголемото нарушување на површината на водата настапува токму таму каде што е потопена прачката. Малку потоа, а исто така и пред потопувањето на прачката сепак се забележува движење нагоре, предизвикано од спротивниот притисок на водата. И токму тоа е во основата на т.н. претчувство – способност да перцепираме одреден настан не само по неговата реализација, туку и непосредно пред тоа.
Се разбира, бидејќи овој феномен се уште не е целосно изучен, авторите на извештајот избегнуваат да прават генерални заклучоци. Во оваа фаза недостасуваат унифицирани стандарди за спроведување на експерименти од овој вид, како и се апелира до сите кои што се вработени во оваа област , независни едни од други лаборатории, да вложат напори за поголема соработка и ширење на резултатите од својата работа.
Што понекогаш излегува тешко со оглед на фактот дека на трудовите посветени на несвесни процеси што се случуваат во човечкото тело, продолжува да се гледа со голема доза скептицизам, а често и со потсмев.