Вселената отсекогаш го фасцинирала човекот. Од времето кога не сме знаеле што се они чудни мали светилки на ноќното небо, па сѐ до денес кога речиси секој знае што е ѕвезда, планета, месечина. Еве 10 работи за вселената кои повеќето луѓе не ги знаат.
Вселената отсекогаш го фасцинирала човекот. Од времето кога не сме знаеле што се они чудни мали светилки на ноќното небо, па сѐ до денес кога речиси секој знае што е ѕвезда, планета, месечина. Еве 10 работи за вселената кои повеќето луѓе не ги знаат.
1. Има над 100 милијарди галаксии во универзумот
Најголемите галаксии содржат околу 400 милијарди ѕвезди. Во нашата галаксија бројот на ѕвезди се проценува на околу 100 милијарди. Ако се обидете да ги изброите сите ѕвезди, само во нашата галаксија, со брзина од една ѕвезда во секунда, ќе ви бидат потребни 3000 години за да ги изброите сите.
2. Најголем дел од астероидите се наоѓаат помеѓу орбитите на Јупитер и Марс
Астероидите се остаток од формирањето на сончевиот систем, пред повеќе од 4 милијарди години. Опасни астероиди, кои би можеле да предизвикаат регионално или глобално уништување удираат во Земјата во просек еднаш на 100000 години. Секојдневно можеме да видиме над 20 милиони метеори, но во просек само 1 до 2 метеорити удираат на земјата секој ден.
3. Според најпрецизната дефиниција, постојат 14 откриени црни дупки
Најблиската, Cygnus X-1 се наоѓа на 8000 светлосни години од нас. Црна дупка може да проголта друга помала црна дупка, но само ако се наоѓаат блиску една до друга. Црните дупки се невидливи, зашто како и се друго, тие ја абсорбираат и светлината.
4. Кинескиот Ѕид
Мит е дека Кинескиот Ѕид е единствената човечка творба видлива од вселената. Автопати, аеродроми, брани, пирамидите во Египет, па дури и големи возила се видени од астронаутите на висина од 217 километри од површината. Всушност, Кинескиот Ѕид, кој е изграден од локален материјал, е релативно добро камуфлиран. Други објекти направени од рефлектирачки материјал, или во боја различна од околината се многу повидливи.
5. Најтемниот дел од вселената
Најтемниот дел од вселената, без ништо во близина, би имал температура од -270 степени целзиусови. Вселената би имала температура на абсолутна нула, но позадинска радијација ја подига температурата за многу малку.
6. Смрт во вселената
Ако човек ненадејно биде изложен на вселена, тој ќе искуси:
– Ненадејно проширување на гасовите во неговите бели дробови и дигестивниот систем, поради декомпресија. Интересен податок: силното издишување може да го продолжи вашиот живот. Ако белите дробови пукнат и воздух навлезе во крвотокот, тогаш смртта би била моментална.
– Водата спонтано ќе испари, што значи дека влагата во устата, очите и меките ткива едноставно ќе испари. Интересен податок: топлината се префрлува релативно бавно во вселената, па смрт поради смрзнувањето не би била голема грижа.
– Изложеноста на директна радијација од Сонцето или друга ѕвезда ќе предизвика сериозни изгореници на незаштитена кожа.
– Во комплетен недостаток на воздушен притисок, белите дробови ќе почнат да работат во обратен правец. Кислородот ќе биде исфрлен од крвта во белите дробови, со што ќе се забрза гушењето.
7. Во вакуум, како во вселената, две чисти, мазни површини направени од слични метали, инстантно би се залепиле една со друга, само ако се допрат
8. Астронаутите не можат да ждригнат
Бидејќи гравитацијата е многу мала, течностите не се одделуваат од гасовите во желудникот, па ждригнувањето е невозможно.
9. Во вселената, секоја слободна течност формира сфера
Ова се случува поради површинска тензија и малата гравитација.
10. Во вселената, никој не може да ве чуе ако врискате Во вселената нема воздух, па нема медиум кој би ги спровел вибрациите на вашиот врисок.