Не грижите се, не вклучува само „женски работи“, но ова се работи кои ја отсликуваат и радуваат секоја жена.
Погледнете ги овие десет работи кои секоја модерна жена треба да ги има во својот дом до својата 30-тта година.
1. Уметнично дело кое го сакате
„Уметноста останува со вас за цел живот, и секое дело завзема свое место и сеќавање“, вели Тод Ники од Nickey Kehoe. „Започнете да собирате дела кога сте млади- не мора да чинат многу пари, само треба на вас да ви се допаѓа.“, додава тој.
2. Организирана библиотека
Земете во предвид дека полиците за книги се инспиративно место за да покажете се што е уникатно за вас- а потоа прилагодете го и менувајте го со текот на годините според вас.
3. Комплет пешкири
Купете најмалку два сета на пешкири кои со задоволство ќе ги користите и ќе бидете горди да им ги позајмите на вашите гости.
4. Растение
„Дури и да не е природно, растението ќе го направи вашиот дом да го чувствувате попостојан“, вели дизајнерот Грант К. Гибсон, кој препорачува да изберете високо растение кое ќе стои над неколку мали куќни растенија.
5. Убав душек и постелнина
„Инвестирајте во вашиот кревет за време на вашиот возрасен живот“, вели Гибсон. Ќе сакате да изберете квалитетен душек за удобност, и постелнина за карактер.
6. Колекција
„Започнете со колекционирање кога сте млади“, вели дизајнерката Сара Стори. „Одлично е да изберете работи кои ги сакате од вашите патувања- особено уметност и мебел“.
7. Аксесоари за бања (кои не се пластични)
Време е да кажете збогум на се што сте купиле ефтино и да ги надградите со нешто навистина квалитетно и убаво.
8. Омилените свеќи
„Прекрасна свеќа додава арома и персоналност во просторијата“, вели Гибсон. Се разбира, овој совет е ултимативната лична преферанца- ако додадавањето на свеќи во вашиот дом е вашиот најголем кошмар, тогаш послушајте ги своите инстинкти.
9. Две комоди покрај креветот
Масичка покрај креветот обезбедува оптимална лична балансираност (според Фенг Шуи) и зрел, припиен изглед.
10. Луксузен детал
„Убав и добар детал е инвестиција која додава завршен допир на вашиот дом“, вели Гибсон.