10 пронаоѓачи кои биле убиени од своите изуми

1229450259.jpg Благодарение на нив сега имаме струја, технологија, безбеден и брз превоз, добро знаење за науката, комуникација и се друго што ни е потребно за живот. Но сепак и тие прават грешки. Понекогаш грешки кои ги плаќаат со својот живот. Еве листа на 10 пронаоѓачи кои направиле токму такви грешки.


Благодарение на нив сега имаме струја, технологија, безбеден и брз
превоз, добро знаење за науката, комуникација и се друго што ни е
потребно за живот. Но сепак и тие прават грешки. Понекогаш грешки кои
ги плаќаат со својот живот. Еве листа на 10 пронаоѓачи кои направиле
токму такви грешки.

10 Henry Winstanley
henry-winstanley00-tm.jpg

Henry Winstanley бил познат англиски архитект за светилиници и бил првиот кој го конструирал Eddystone светилникот. Winstanley сакал да ја тестита издржливоста на светилникот и барал да биде внатре во него за време на бура. Светилникот колабирал, убивајќи го Winstanley и 5 други луѓе.

9 Alexander Bogdanov
alexander-bogdanov-tm.jpg

Alexander Bogdanov бил забележан руски физичар, филозофер, економист, сф писател, и револуционер. Еден од неговите многу научни екперименти ја вклучувал идеата за можно забавување на процесот на стареење, односно reverse стареење, преку трансфузија на крвта. Давајќи трансфузија на многу познати луѓе(меѓу кои и сестра му на Ленин), тој се решил и на самиот себеси да го направи истото. Тој го направил тоа со крвта на еден од неговите пациенти кои имал маларија и туберколоза. Умрел од инфекција набрзо.

8 Cowper Phipps Coles
coles-tm.jpg

Cowper Phipps Coles бил познат капетан во Кралската Морнарица кој што ја измислил ротирачката кула(издигнат дел) на бродовите. Тој го патентирал овој изум и решил да самиот да изгради брод користејќи го овој револуционерен дизајн. Неговиот брод „HMS Captain“ барал неколку необични и опасни измени, вклучувајќи т.н.„палуба за урагани“, која го поместила центарот за гравитација на бродот. На 6 септември 1870 бродот потонал, убивајќи го Coles и повеќето од неговата 500 члена екипа.

7 Karel Soucek
karel-soucek-tm.jpg

Karel Soucek бил познат каскадер кој ја измислил „капсулата“(само едно модифицирано буре) и се спуштил со неа по Нијагарините водопади. Преживеал, со неколку повреди. Во 1985 тој убедил една компанија да го финансира неговото спуштање со „капсулата“ од врвот на астродомот во Тексас. Специјален водопад беше креиран од врвот на 180 стапки долгата структура, со базен долу. Но, точката тргнала наопаку и наместо во базенот, Soucek удрил во рамката на базенот, предизвикувајќи „капсулата“ да се распука и имал неколку повреди на него. Умрел следниот ден.
Evel Knievel изјавил дека тоа е најопасната точка што некогаш ја видел. „Капсулата“ се наоѓа во музејот во Њујорк.

6 Franz Reichelt
franzreichelt-tm.jpg

Franz Reichelt бил австралијански кројач кој станал познат по тоа што креирал чуден палто/падобранес со кој тврдел дека дури и може да лета. Тој се обидел да го направи тоа на Ајфеловата кула, пред набљудувачи и пред камера. Тој паднал право надолу. Умрел веднаш од ударот.

5 Otto Lilienthal
lilienth-tm.jpg

Otto Lilienthal бил пионер во човечката авијација. Тој бил првиот човек кој направил повеќекратни(успешни)летови со параглајдер. Од сликите како тој лета, кои биле објавени по списанијата по цел свет, научниците ја добиле идеата дека има можност за нешто како летачки машини. На 9 август 1896, Lilienthal при еден лет паднал 17 метри, кршејќи го р’бетот. Умрел следниот ден. Неговите последни зборови биле: „Мали жртви мораат да бидат направени!„

4 William Bullock
.jpg

William Bullock бил американски пронаоѓач кој во 1863 ја измислил ротирачката преса за печатење, која донела револуција во печатарската индустрија поради нејзината голема брзина и ефикасност. Bullock умрел додека се обидувал да поправи една од неговите печатарски преси, кога му паднала и му ја смачкала ногата. Ногата фатила гангренаи тој починал при операцијата за нејзино ампутирање.

3 J. G. Parry-Thomas
jg-parry-thomas-in-leyland-july-8-1925-brooklands-120-mph-tm.jpg

J. G. Parry-Thomas бил велски моторциклист и инженер. Тој отсекогаш сонувал да го собори рекордот во брзина на копно кој бил поставен од Малколм Кемпбел и направил автомобил со кој ќе го напрви тоа. Неговиот автомобил, Babs, имал многу измени, меѓу кои и ланци со кои биле поврзани тркалата со моторот. На 27 април 1926 тој го соборил тогашниот рекорд, а следниот ден дури и го зголемил нас 170м/ч. Тој рекорд стоел една година, додека Малколм Кемпбел повторно го соборил во 1927. Обидувајќи се да си го врати рекордот, еден од ланците на Thomas пукнал и летнал право кон неговиот врат, речиси распарчувајќи го. Тој умрел веднаш.

2 Thomas Midgley Jr
_.jpg

Thomas Midgley бил американски хемичар кој го измислил хлорофлурокарбонот и течниот петрол(гориво). Во негово време го нарекувале „дека има повеќе влијание врз атмосферата отколку било кој друг жив организам во историјата на Земјата“ и „единствениот човек кој е одговорен за повеќе смрт во историјата од било кој друг“, поради неговите изуми. Тој со текот на времето фатил полио и паднал тешко болен во кревет. За да се крева себеси, измислил систем со јажиња. Умрел на возраст од 55 години кога се случајно се задавил со едно од тие јажиња. Двата негови изуми се одговорни за неговата смрт- измислувањето на горивото, при што фатил полио и системот со јажиња.

1 Marie Curie
maria_kiri.jpg

Marie Curie била француско-полска хемичарка која станала позната по откривањето на неколку нови елементи, вклучувајќи ги радиумот и полониумот, како и по нејзината теорија за радиоактивност и изолацијата на радиоактивните изотопи. Беше добитник на Нобелова награда во 1903(заедно со нејзиниот сопруг Пјер). Умрела на 4 јули 1934 од апластичка анемиа, речиси сигурно предизвикана од најзиниот контакт со радијацијата. Ефектите од радијацијата тогаш биле непознати и таа нејзините екперименти ги вршела без некои посебни заштитни мерки. Таа дури своите туби со кои ги вршела експериментите си ги носела во џеб и ги чувала во своето биро, изјавувајќи дека плаво-зеленото светло од субстанцата дава убава нијанса во темницата.

- Реклама -