10 потценети научно фантастични филмови

филмовиНаучна фантастика е жанр кој или го сакате или го мразите, и бидејќи се работи за многу специфичен пазар, филмските студија често ги претставуваат научно фантастичните филмови со помалку помпа отколку што заслужуваат. Дури и ако сте фан на научна фантастика многу лесно може да пропуштите некој одличен филм од овој жанр. За да се исправи оваа грешка, еве ви листа на одлични филмови кои можеби сте ги пропуштиле.

Научна фантастика е жанр кој или го сакате или го мразите, и бидејќи се работи за многу специфичен пазар, филмските студија често ги претставуваат научно фантастичните филмови со помалку помпа отколку што заслужуваат. Дури и ако сте фан на научна фантастика многу лесно може да пропуштите некој одличен филм од овој жанр. За да се исправи оваа грешка, еве ви листа на одлични филмови кои можеби сте ги пропуштиле.

филмови10. Equilibrium

Кристијан Бејл ја игра главната улога во овој акционен филм за иднина во која сите емоции се забранети со закон. Има неколку ситуации во кои актерите забораваат дека не треба да покажуваат емоции, но и покрај тоа овој филм има неколку добри идеи и одлични сцени. Најпознат е по “gun-kata”, боречка вештина која се фокусира на науката на престрелките.

филмови9. Existenz

Морничав филм на Дејвид Кроненберг за тестирањето на нова виртуелна реалност, eXistenZ не е за секого. Исполнет со чести пресврти и премини помеѓу различни нивоа на реалност. Но постои поголема причина зошто многу луѓе го немаат гледано. Овој филм беше претставен помалку од еден месец по премиерата на еден друг филм за виртуелна реалност: „Матрикс“.

филмови8. Sunshine

Овој филм не е совршен, но има неколку добри идеи и интересен визуелен стил, па вреди да се погледне. На патување низ вселената за да го рестартираат Сонцето, тим научници се соочуваат со катастрофа која би била погубна за нив, а со тоа и за остатокот од човештвото. Никогаш повторно нема да гледате на сончевата светлина на ист начин.

филмови7. Pitch Black

Не е важно продолжението The Chronicles of Riddick. Овој филм има неколку одлични ликови како привлечниот убиец Ридик, игран од Вин Дизел. Тој е негативец од кого се очекува да спаси група изгубени патници од крволочни вонземјани. Пропратната видео игра исто така беше одлична, но продолжението едноставно не е добро.

филмови6. The Hidden

Приказна за агент на FBI кој е во потрага по брутален убиец. Но двајцата имаат тајна: двајцата се вонземјани маскирани како луѓе. Малку застарен по денешни стандарди, но сепак подржан со одлична изведба на Кајл Меклахан во улогата на агент на FBI/интергалактички ловец.

филмови5. A Boy and His Dog

Базиран на истоимената новела на Харлан Елисон, A boy and his dog со Дон Џонсон во главната улога е приказна за момче и неговото куче во постапокалиптечен свет. Заедно тие наидуваат на подземно општество кое има злобни планови за момчето.

филмови4. Primer

Создаден од мал тим филмаџии со буџет од 7000 долари, Primer е еден од најинтелегентните, восхитувачки научно фантастични филмови во последниве неколку децении и еден од најсложените филмови за патување низ времето. Авторот Шејн Карут е поранешен математичар и инженер, па потценувачки би било да се рече дека ова е филм за луѓе кои сакаат да размислуваат. Исто така, овој филм е тежок за следење, но не може да се состави листа на научно фантастични филмови без него.

филмови3. Moon

Тажен филм за интелегентна публика, чиј автор е синот на Дејви Боуви, Данкан Џонес. Мoon е филм кој е убедлив само поради изведбата на Сем Роквел, човек кој е пред крај на својот тригодишен престој на месечината и открива тајна која го менува секој аспект од неговиот живот.

филмови2. Silent Running

Во иднината сите растенија на земјата се мртви. Единствената флора која преживеала се наоѓа на флота вселенски бродови стакленици. Но кога на протагонистот Фримен Ловел му е наредено да ги уништи шумите на кои им го посветил својот живот, неговата непослушност го става во конфликт со остатокот од екипажот.

филмови1. Gattaca

Еден од најпочитуваните научно фантастични филмови од последните две децении, Гатака претставува можен портрет на трајно потчинета класа на луѓе со „инфериорен“ генетски материјал. Преку лажирање на генетски тестови со позајмена ДНК, протагонистот Винсент е блиску до остварување на својот сон за патување низ вселената.

- Реклама -