10 песни што ЦИА ги има користено за да мачи затвореници

Замислете: Врзани сте во студена темна соба и гласна музика ви рока низ слушалките кои не можете да ги тргнете од главата. Некогаш трае 20 часа, некогаш трае 20 дена. Кажете една песна што би ја истрпиле толку долго, ќе почекаме.

Уште откако ЦИА почна со нивната Enhanced Interrogation Technique програма, баш низ ова имаат минувано стотици од затворениците. Дизајнирана да „создаде страв, да дезориентира и да го продолжи шокот од заробеност“, оваа тактика е една од најсуровите казни што некој може да ја преживее, и доволна за да направи повеќето да потклекнат. Како што објаснува наредник Марк Хадсел – член на американскиот Psychological Operations тим, ако ви свири било која песна 24 часа, вашиот мозок и телесни функции почнуваат да слабеат, текот на мислата ви се успорува, а волјата ви се крши. Тогаш доаѓаат испрашувачите од ЦИА и поставуваат прашања (благо речено).

Баш поради тоа што секоја песна би имала сличен ефект кога би ја слушале постојано, тешко е да се предвидат, на пример, тие што ги користела ЦИА. Затоа ја имаме листава.

 

The Real Slim Shady на Eminem

„Can the real Slim Shady please stand up?“ Затворениците во Гвантанамо Беј ги мразат овие зборови. Класиката на Еминем била пуштана константно, бидејќи таквата музика била толку странска за повеќето затвореници, што практично ги полудувала. Бинјам Мохамед (подоцна ослободен без обвинение) вели дека ја слушал нон-стоп 20 дена по ред. Многумина буквално полуделе, вели.

Dirrty на Christina Aguilera

Кога Мохамед ал Катани (наводно 20-тиот киднапер во нападот на 11 септември) бил заробен, ЦИА наводно се решила за „лоша муслиманска песна“ за да го натера да признае. Била искористена прилично експлицитната сексуална песна на Кристина Агилера, заедно со женски инспектори – со цел да се заплаши и збуни затвореникот. Наводно, затворениците биле и полуголи, а инспекторките им играле и во скут, а и ги мачкале со црвени течности кои подоцна се идентификувани како менструална крв.

ОВА

Не мора белким да објаснуваме зошто некој возрасен не би го трпел ова ни еден саат, а не па ден, нели? Сепак, фасцинантно е како нешто како невина детска песна може да те полуди.

Saturday Night Fever на the Bee Gees

Англичанецот со пакистанско потекло – Моазам Бег, уапсен од ЦИА во 2002 под сомнение дека е член на Ал-Каеда, во неговата автобиографија пишува дека кога ЦИА првпат му ја пуштила песнава, мислел се зезаат. После цела вечер слушање едно исто, посилно било од него да извика: „Ќе зборувам! Сите ќе зборуваме! Само изгасете го гомново, ве молам!“

We Are the Champions на Queen

Доналд Ванс бил агент на FBI кој по сплет на околности завршил во американски затвор во Багдад. Го држеле 97 дена. Вели дека за време на целиот негов престој таму, нон-стоп свирела We Are the Champions на Queen, за да ги држат луѓето будни. „Знаев дека ако ја оставам музиката комплетно да ми ги надвладее мислите, веќе никогаш нема да си го вратам умот“, вели, додавајќи дека почнал да си зборува сам со себе и да си кажува шеги, само за да има некакви рационални мисли да му се вртат во умот (наместо песната).

Red Hot Chili Peppers

„Протечен“ доверлив документ во 2014-та откри дека неколку песни на Ред Хот Чили Пеперс биле користени врз осомничени за тероризам во Гвантанамо Беј во обид да се извлечат информации. Главен сведок бил Абу Зубајда, кој тврди дека нон-стоп им пуштале песни од бендот. Koga Ред Хот Чили Пеперс слушнаа за тоа, беа апсолутно згрозени: „Нашата музика е позитивна, човече. Постои за да направи луѓето да се чувствуваат подобро. Ова е ужасно и не ни се допаѓа“.

Baby One More Time на Britney Spears

Како копиљаци сите ја сакавме и си ја пеевме деби песната на Бритни, сé додека нé потпораснавме и не почна да ни оди на нерви. А замислете како им било на затворениците во Гвантанамо Беј кога ЦИА им ја пуштала нон-стоп. Според сведоштвата, затворениците посебно го мразеле рефренот – кој звучи особено црно во контекст на физичко насилство, пред сé она „Hit me baby one more time“ („удри ме уште еднаш“, во буквален превод).

Уште една детска

Еден документарец на Ал Џезира откри дека песнава била користена за мачење затвореници некаде околу 2012-та. Со оглед на позитивните стихови на песната, фановите на детското шоу Sesame Street беа многу лути за таквиот потег на ЦИА. Најбесен бил авторот на самата песна, кој не сакал да поверува дека тоа е можно: „Ова е толку лудо, толку апсурдно. Не сакам мојата музика да биде дел од тоа“.

Born in the USA на Bruce Springsteen 

На прво слушање, песната на Брус Спрингстин можеби звучи како ужасно патриотска американска класика што би ти ја пеел во фаца некој дебел Џо на трибина на стадион на натпревар во американски фудбал. Но, ако внимавате малку подобро, Спрингстин всушност се конфронтира со празнотијата на „американскиот сон“ и ја критикува американската политика околу војната во Виетнам. Што ја прави употребата на песнава од страна на ЦИА уште поиронична и поиритантна за тој што го мачат: ко да ти викаат „знаеме дека сме лоши, и баш ни е гајле“.

Killing in the Name на Rage Against the Machine

Класиката на Rage Against the Machine баш и не е изненадување. Онака на уво ги има сите квалитети што би ги очекувале од песна за мачење – може да ви ги дупне тапанчињата и да ви ги надгласи сите мисли. Башка што стиховите вклучуваат „Some of those that work forces, are the same that burn crosses“ (некои од тие сили се истите што горат крстови), „Killing in the name of“ (убивање во име на), и „And now you do what they told ya“ (прави што ќе ти кажат) – сé фрази кои можат да се доведат во контекст и на радикален исламски тероризам (најчесто обвинение меѓу затворениците во Гвантанамо). Ироничното, повторно, е што песнава е настаната токму како бунт против полициското насилство.

- Реклама -