10 неверојатни факти за Венера

Венера Она што во народот е познато како ѕвезда Деница воопшто не е ѕвезда, туку втората планета од нашиот сончев систем – Венера. Според сите параметри, се работи за едно од најнегостопримливите места во нашето поблиско опкружување. Проверете зошто… заедно со другите неверојатни факти за Венера.


Она што во народот е познато како ѕвезда Деница воопшто не е ѕвезда, туку втората планета од нашиот сончев систем – Венера. Според сите параметри, се работи за едно од најнегостопримливите места во нашето поблиско опкружување. Проверете зошто… заедно со другите неверојатни факти за Венера.

Венера1. Венера е именувана според римската божица на убавината и љубовта.

2. Венера е најсјајното вселенско тело на земјеното небо по Сонцето и Месечината и оттаму доаѓа и нејзиното рано класифицирање како ѕвезда.

3. Венера е втора планета по ред, веднаш по Меркур и има просечна оддалеченост од Сонцето од 108 илјади километри.

4. Густата атмосфера на планетата се состои од мешавина на јаглерод диоксид и сулфурна киселина кои постојано се обновуваат поради честите вулкански ерупции. На Венера беснеат речиси непрестајни бури со страшни атмосферски електрични празнења.

5. Температурата на површината од Венера е највисока од сите небесни тела во сончевиот систем (иако не е најблиску до Сонцето). Истата се движи од 460 до 500 степени целзиусови. Причината за толку високите температури е ефектот на стаклена градина кој настанува поради огромната концентрација на јаглерод диоксид (околу 96%).

6. Атмосферскиот притисок близу до површината од Венера е 90 пати поголем отколку оној на Земјата.

7. Еден ден на Венера трае колку 243 дена на Земјата. Една година трае 224 земјени денови, покусо отколку денот.

8. Венера е најблиску по величина до Земјата. Таа има дијаметар од 12104 километри.

9. Венера нема месечини.

10. Кога е најблиску до нашата планета, Венера се наоѓа на 41 милион и 840 илјади километри.

- Реклама -