10 неверојатни факти за Јупитер

Јупитер Јупитер е кралот на планетите во нашиот сончев систем. Неприкосновен во својата големина, Јупитер со милиони години ни обезбедува заштита од талкачките вселенски објекти кои претставуваат огромна опасност по животот на планетава. Следат десет факти за оваа планета.


Јупитер е кралот на планетите во нашиот сончев систем. Неприкосновен во својата големина, Јупитер со милиони години ни обезбедува заштита од талкачките вселенски објекти кои претставуваат огромна опасност по животот на планетава. Следат десет факти за оваа планета.

Јупитер1. Јупитер е најголемата планета, со позиција број 5 од Сонцето. Името на Јупитер е позајмено од името на римскиот врховен бог.

2. Јупитер е толку голем што сите останати планети заедно можат да бидат вметнати во него.


3. Јупитер орбитира околу Сонцето бавно, еднаш на секои 12 земјени години.


4. Eден ден на Јупитер трае 10 земјени часа.

5. Јупитер нема цврста површина. Планетата е составена единствено од гасови (водород, азот и хелиум) кои се задржани заедно од енормната гравитација.

6. Помеѓу јадрото на планетата и гасовитата површина лежи океан од водород во течна форма.

Прочитајте и:  На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани

7. Јупитер е ѕвезда на која ѝ недостасува единствено нуклеарната реакција во јадрото која ќе започне да создава енергија.

8. Во атмосферата на Јупитер владеат вечни бури
со ветрови кои достигннуваат брзини што не можат ни да бидат замислени на Земјата. Во овие бури спаѓа и големата портокалова дамка која претставува бура што беснее веќе 300 години.

9. Јупитер има 64 познати месечни,
а не 39 како што се мислело на почетокот на 20 век.

10. Јупитер, како и Сатурн има прстени и тоа 4 на број, само што неговите не се видливи од нашата планета. Истите се составени од вселенски прав и фрагменти од метеорити.

- Реклама -