10 неверојатни факти за човечкиот мозок

Мозок Постојано ги бараме неверојатните нешта некаде далеку, во длабочините, во височините, а сепак, човечкиот мозок и натаму останува едно од најнеистражените места во универзумот. Следат 10 неверојатни факти за човечкиот мозок.


Постојано ги бараме неверојатните нешта некаде далеку, во длабочините, во височините, а сепак, човечкиот мозок и натаму останува едно од најнеистражените места во универзумот. Следат 10 неверојатни факти за човечкиот мозок.

Мозок1. Мозокот користи помалку енергија отколку светилката во фрижидерот

За целиот ден, мозокот користи енергија што се содржи во 2 банани. И иако е крајно ефикасен, мозокот јаде многу енергија. Мозокот е околу 3% од потполната телесна тежина, а троши околу 17% од сета внесена енергија во телото. Најголем дел од тоа оди на одржување, а енергијата за размислување е незабележлива.

2. Десинхронизацијата (jet lag) може да предизвика оштетување на мозокот

Честото летање помеѓу различни часовни зони предизвикува појава на психолошката состојба наречена десинхронизација (или jet lag). И не само што е здодевна, оваа состојба може да предизвика и оштетување на мозокот. Оштетувањето настанува во делот за краткотрајна меморија. И не им се случува само на оние што летаат низ различни временски зони, туку и на работниците кои работат на смени.

3. Зошто не можете да зборувате на телефон во бучна просторија?

Едноставно – вашиот мозок не може да ги оддели звуците од просторијата и гласот на оној со кого зборувате, зашто се мешаат во една иста звучна рамнина. Следниот пат кога ќе се обидете да го правите ова, не го затворајте другото уво, туку покријте го микрофонот на вашиот телефон додека слушате. Резултатите ќе бидат очигледни.

4. Игрите со пукање ќе ви помогнат во мултитаскинг

Мултитаскинг е нешто што се вежба. Способноста за концентрирање на повеќе нешта во исто време исчезнува доколку не го практикувате почесто. Најдобра вежба за ова се игрите со пукање, во кои целта е да убиете што е можно повеќе непријатели пред тие да ве убијат вас. Ваквите игри бараат да му посветите внимание на целиот екран, додека игри како тетрис бараат да се сконцентрирате само на едно делче.

5. Во мозокот има центар за хумор

Хуморот е тежок за дефинирање, но оние кои имаат смисла за хумор, го препознаваат кога ќе го видат (или чујат). Пациенти кои имале оштетување на предниот дел од мозокот, поточно на десната страна, имале тешкотии со сфаќањето шеги. Кога на пр. им се дала шега со неколку алтернативни завршетоци, не можеле да се одлучат која е смешна.

6. Постои причина зошто некои идиотски песни ви заглавуваат во умот

Песни кои не можете да ги поднесете или пак делови од нив ви заглавуваат во умот и не можете ништо да сторите. Тоа е поради фактот што човечкиот мозок функционира врз основа на помнење низи (секвенци). Имено, важните нешта секогаш се паметат сврзани, заради полесно потсетување на нив. Почнувајќи од начинот на кој се потпишувате, преку начинот на кој треба да го сварите утринското кафе, па сè до името на улицата на која живеете – информации сврзани со други информации. Според тоа, причината поради која некоја идиотска песна ви останала во мислите е фактот што таа е сврзана со нешто што ви било важно (иако можеби не сте свесни за тоа). Најдобар лек е отспивањето или пак слушањето на некоја друга песна, во надеж дека таа ќе го заземе местото на претходната.

7. Сончевата светлина може да предизвика кивање

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Центарот во мозокот што го предизвикува кивањето се наоѓа во место густо населено со нерви. Причината поради која некои луѓе киваат кога ќе погледнат во јака светлина се должи на феноменот наречен нервен краток спој. На истиот принцип, некои мажи киваат кога доживуваат оргазам.

8. Не можете да се скокоткате себеси

И ова е прилично едноставно. Не можете да се скокоткате себеси (исто како што не можете да се самозадавите) затоа што мозокот е фокусиран на вашите дејства постојано. Така што кога ќе посегнете по делот од телото каде што сте скокотливи, мозокот веќе ја има информацијата и компензира за дејството. Мозокот сепак не може да ги предвиди постапките на другите, па затоа дури и ако знаете дека некој ќе ве скокотка, сепак не можете да сторите ништо за да го спречите тоа.

9. Проѕевањето го буди мозокот

Иако ова е процес кој обично го асоцираме со поспаност, во суштина, проѕевањето го буди мозокот. Големи количини воздух навлегуваат во белите дробови, по што кислородот веднаш заминува во мозокот и му дава освежување.

10. Големите височини предизвикуваат чудни визии

Многу религиски искуства се врзани со високи места. Потсетете се на планините Синај и Хира. Многу племенски ритуали се врзуваат со заминување на високо место. Но, од друга страна, голем дел искусни планинари (група луѓе која не е типично суеверна) пријавиле визии при качување високи планини. Има нешто до планините или сепак сè е во нашиот мозок?

На височини над 2400 метри над морето, кислородот во воздухот станува поредок. Тоа му дава намалена функција на делот од мозокот кој се бави со распознавање лица и форми. Според тоа, не е чудно ако видите некој кој не е таму, ако си се здогледате од страна или пак ако чуете некое пророштво… особено ако сте уморни.

- Реклама -