Од време на време некоја меѓународна компанија ќе создаде нов производ, бренд или слоган кој има сериозни проблеми со превод. Еве неколку трагични, смешни и дефинитивно промашени примери за имиња на производи.
1. Pee Cola.
Овој екстремно популарен сок кој се произведува во Гана значи „многу добра Кола“, но тоа не е првиот заклучок на повеќето туристи.
2. Lumia.
Името на новиот смартфон на Nokia во шпански сленг значи проститутка. Што е уште посмешно со оглед на новите вести дека компанијата ја спушти цената на само 50 долари. Телефонот има добро друштво. Пежо во јужна Кина се преведува како Биао Жи што во основа е истиот сленг.
3. Barf
Во Иран, името на овој детергент значи „снег“. Надвор од Иран името потсетува на нешто не толку чисто и миризливо.
4. “It takes a tough man to make a tender chicken.”
Кога слоганот на Perdue Chicken се преведува на шпански тој го менува своето значење: „Потребен е тврд маж за да создаде љубезна кокошка.“
5. Fart Bar
На полски името на ова чоколадо значи „среќно чоколадо“.
6. Aass Fatol
Норвежаните мислат дека пијат „пиво“ но етикетата дефинитивно ќе ги насмее туристите од англиско говорно подрачје.
7. Siri
На грузијски личниот асистент вграден во iPhone е сленг за машки полов орган.
8. Only Puke(et)
На овој кинески производ “et” по “Puke” е скриено од амбалажата, создавајќи навистина несреќно име за чипс.
9. Chleb Semen
Само на 14 годишни американци ќе им биде смешен овој тип на леб од Полска – чие име буквално значи „леб со семки“.
10. Megapussi
Во Финска овие „екстра-големи пакувања“ чипс се достапни во најголемиот ланец супермаркети познат како… KKK Супермаркети.