10 најсмешни имиња на бендови

Бендови Музичкиот свет е преплавен со амбициозни бендови од кои ниту 1% не успеваат да го остварат својот сон. Голем удел во (не)успехот на музичарите често има и името што му го даваат на својот бенд. Од една страна на спектарот ги имаме генијалните имиња, а од другата оние несреќно одбраните кои ни служат само за засмејување.


Музичкиот свет е преплавен со амбициозни бендови од кои ниту 1% не
успеваат да го остварат својот сон. Голем удел во (не)успехот на
музичарите често има и името што му го даваат на својот бенд. Од една
страна на спектарот ги имаме генијалните имиња, а од другата оние
несреќно одбраните кои ни служат само за засмејување.

Porno for Pyros10. Porno for Pyros

Фронтменот Пери Ферел го смислил името на бендот додека на телевизија гледал директен пренос од немирите во Лос Анџелес.

Зошто е смешно? Порнографија за пиромани, според сите параметри е исто што и порнографија за нормални луѓе. Веројатно постојат мал број луѓе во светов што добиваат сексуално задоволство од гледањето луѓе што палат згради, но тоа не значи дека ќе купат филмови со наслов: „Валкани студентки и ќибритчиња“ или пак „Забава со бензин 7“. Тоа во пракса значи дека ќе излезе од дома и ќе запали нешто во неговото маало.

Stone Temple Pilots9. Stone Temple Pilots

Еден од членовите на бендот мислел дека логото на тркачките коли STP е прилично интересно и туку-така се родило името на овој бенд. Значи, да заокружиме, доста време било потрошено во размислувањето за името.

Зошто е смешно? Доколку само по себе името не ви е смешно, тогаш треба да знаете и некои од насловите на песните кои ги имаат смислено овие генијалци што одлучија најбрзо што можат да станат зависни од хероин. Некои од нивните најзначајни парчиња се именувани: "Kitchenware & Candy Bars", "Meatplow" и "Sex-Type Thing".

Matchbox 208. Matchbox 20

Приказните за името на овој бенд варираат од тоа дека се работи за наслов од песна на поранешниот бенд на тапанарот, па сè до тоа дека додека чекале во ред да купат кафе, пред нив стоел некој со маичка на која го имало зборот и бројот, се разбира, неповрзани.

Зошто е смешно? Доколку одбирате име за бенд кое нема некое значење, тоа барем треба да звучи добро (како на пр. Soundgarden). Со ова име, членовите на Matchbox 20 успеаја да се вклопат во 3 нивоа на просечност. Прво е неразбирливо, второ е здодевно и трето и најважно, се појавија во исто време со уште еден куп бендови со збор-број комбинација на имиња (Blink 182, Sum 41 итн.).

 Puddle of Mudd7. Puddle of Mudd

Во 1993 година, по излевањето на реката Мисури, просторијата во која вежбал овој бенд бил преплавен со кал и тиња. Така и дошле до одлуката тоа да биде нивно име.

Зошто е смешно? На страна фактот што добиваме едно непотребно d во спелингот, добиваме и екстра зборче. По сè изгледа, Mudd Puddle немаше да е еднакво „заразно“, па стратешки било вметнато и она of, за да го направи името посилно.

Goo Goo Dolls6. Goo Goo Dolls

Бендот го нашол името во издание на едно детективско списание, откако сопственикот на клубот во кој требало да настапат имал забелешка на нивното претходно име – the Sex Maggots.

Зошто е смешно? Прочитајте го името на глас. Ете затоа е смешно. Звукот кој го добивате звучи како нешто што го произведуваат бебињата кога не им се допаѓа храната што со сила се обидувате да им ја пикнете во устата. И иако можеби ова име звучело иронично во нивните тинејџерски денови, денес кога се возрасни, а нивната публика е главно составена од луѓе на приближно нивна возраст, едноставно не одговара. Секојпат штом ќе чујат најава за нивна песна на радиото во кола, веднаш се вртат на задното седиште за да го проверат она мало суштество кое ефективно им ставило крај на нивните младешки лудувања… чисто колку да се уверат дека звукот не дошол оттаму.

The The5. The The

Англискиот бенд си дал за задача да смисли име кое е дури и пооддалечено од здравиот разум дури и од музиката која ја прават.

Зошто е смешно? Име со толкав степен на метатекстуалност кое во суштина не значи ама баш ништо, со себе повлекува повеќе реакции од публиката, меѓу кои најочекувана би била претпоставката дека имате проблем со пелтечење. Дополнително, името демонстрира надменост што кај секој човек го активира одбрамбениот механизам против секого што се обидува да ви продава глупости. Како врв на глупоста, не е многу умно, од PR аспект, да одберете име кое не може да се изгугла.

Mr. Mister4. Mr. Mister

Името на бендот реферира кон песна од друг бенд, во кој се споменува името Mister Fister.

Зошто е смешно? Бендот спаднал на 2 нивоа на медиокритетот одбирајќи го ова име. Прво, украле идеја што ја имал друг бенд, а потоа ја извртиле доволно, за да стане поглупава одошто била. Мr. Mister звучи како шега која петгодишно дете би им ја кажувало на своите играчки.

 Limp Bizkit3. Limp Bizkit

Гласините велат оти името на бендот потекнува од адолесцентската игра со мастурбирање која се вика limp biscuit. Во таа игра, неколкумина (не многу бистри) момчиња стојат во круг околу бисквита и мастурбираат врз неа. Тој што последен ќе ејакулира мора да ја изеде. Ова е точно на метафоричко ниво, зашто нам тоа ни се случува со музиката на Limp Bizkit уште откако се појавија на музичката сцена.

Зошто е смешно? По примерот на нивните ментори Korn, и овие музичари намерно направиле грешка во спелингот, зашто тоа е популарно кај младите; а воедно, на Фред Дрст веројатно му се чинело интелектуално супериорно да го именува бендот по игра во која осамени бели момчиња мастурбираат во група, па затоа решил малку да го оглупави името, за нас обичните смртници. Дополнително, никогаш не е добро да го именувате бендот со име што во себе го содржи зборот limp (млитав).

Hoobastank2. Hoobastank

Даг Роб, пејачот од овој бенд, во едно интервју изјавил по прашањето на именувањето: „Името е кул, тоа е една од оние интерни шеги со вашите пријатели кои воопшто немаат значење“.

Зошто е смешно? Даг Роб воопшто не е кул. Фактот стои дека ако веќе одбирате име кое било шега и не значи ништо, би требало да одберете збор кој на ниту еден начин нема да асоцира на смрдеа.

!!!1. !!! (клк, клк, клк)

Во филмот „Боговите паднаа на теме“, звуците кои ги испушташе Бушманот во титловите беа впишани со три извичници (!!!). Членовите на бендот мислеле дека тоа ќе добро име и веднаш го прифатиле. Ова воедно и вториот бенд чие име не можете да го изгуглате.

Зошто е смешно? Ако го прашате Ник Офер (главниот вокалист) зошто го именувале бендот три извичници, ќе добиете одговор:

– Си го гледал „Кога боговите ќе паднат на теме“? 

– Не.
– Тогаш не можам да објаснам.

И тоа е моментот кога од небото ќе падне празно стаклено шише од кока-кола и ќе го онесвести Ник Офер, како казна за лошиот избор…

- Реклама -