10 најопасни места на Земјата

КолумбијаАко планирате да одите на зимување на некоја егзотична локација, еве неколку локации кои би сакале да ги избегнете. Ова е листа на десетте најопасни места на планетава. Дел од листата може да биде контроверзен за некои луѓе, но слободно можете да го игнорирате предупредувањето и да отидете.

Ако планирате да одите на зимување на некоја егзотична локација, еве неколку локации кои би сакале да ги избегнете. Ова е листа на десетте најопасни места на планетава. Дел од листата може да биде контроверзен за некои луѓе, но слободно можете да го игнорирате предупредувањето и да отидете.

РусијаРусија

Во оваа поранешна советска република, криминалот владее, но за разлика од минатото кога корупцијата бил голем проблем, сега проблемот се вандали и гангстери. Руската Мафија е надвор од контрола, има повеќе гангстери од полицајци. На секои 18 минути има по едно убиство или во просек 84 убиства дневно во земја со 143 милионско население. Јадрото на рускиот криминал се наоѓа во Чеченија, регион крај границата со Грузија. Проституцијата и транспортот на наркотични супстанции се под контрола на Чеченците. Киднапирањето на странци е честа појава поради високите суми кои се добиваат за откуп. Најчестите криминални дела се: кражба на паричници, мобилни телефони, фотоапарати, видео камери и физички напади.

БразилБразил

За секој што патува во Бразил, прашањето не е дали ќе ве ограбат, туку кога. Големата сиромаштија сè уште опстојува покрај големото богатство во земја која доживува голем економски раст. Но, со просперитетот пораснала и стапката на криминал. Уличниот криминал во одредени делови на Рио де Жанеиро и Сао Паоло е без контрола, и иако голем број од жртвите поминуваат без повреди, ситуација во која некој ви се заканува со скршено шише и ви го бара часовникот не е баш пријатно искуство. Зголемена е и појавата на „брзи киднапирања“ во големите градови, каде што криминалците киднапираат туристи и ги носат до најблискиот апарат за пари за да си го платат откупот. Ако не можете да платите, благодарение на мобилнаите телефони, помошта од вашето семејство е лесно достапна. Покрај уличниот криминал голема опасност се и уличните војни помеѓу организираните криминални банди и оние полицајци кои не успеале да ги поткупат.

Јужно Африканска РепубилкаЈужно Африканска Република

Ако некоја земја е опишана како „светски главен град на силување“, мудро би било да внимавате. Иако имало мал пад во бројот на силувања, со 113,7 случаи на 100000 жители во 2004, во 2005 повторно имало скок до 118,3 од 100000 жители. Уште еден непријатен податок за ЈАР е високиот број на убиства, земјата секогаш се наоѓа во првите 5 земји според оваа статистика. Голем дел од криминалните дела се случуваат во сиромашните области, но сепак безбедноста на побогатите туристи се гарантира со вооружена придружба. Земјоделството е една од најопасните професии во земјата. Бројот на убиени земјоделци е 313 од 100000 – 8 пати повисок од националниот просек. И како и во целиот свет, сексот може да биде многу опасен во ЈАР, каде што има повеќе од 10 милиони луѓе кои боледуваат од ХИВ вирусот.

БурундиБурунди

Оваа мала, густо населена сиромашна земја има големи проблеми. Граѓанската војна помеѓу етничките заедници Хуту и Тутси ја подели земјата помеѓу 1993 и 2006 година. Во моментов има примирје на сила, но двете страни не ги почитуваат одредбите од истото. Масовни убиствата и хаосот покрај еколошките проблеми се најголемите проблеми за народот на Бурунди. Списокот на убиени водачи е огромен, а раководството на нацијата се менувало многу пати во последните 50 години. Криминалните дела направени од улични банди и вооружени деца се голем ризик за посетителите. Грабежи, кражби на коли и киднапирања се честа појава, па ако решите да ја посетите земјата, внимавајте. А ако бидете повредени за време на вашиот престој, не се надевајте на помош бидејќи локалните клиники и болници немаат речиси никакви ресурси.

АнтарктикАнтарктик

Иако нема голема опасност од убиства, силувања и грабежи во овој дел од светот, опасноста е од самата природа. Како што секој знае времето на овој континент е прилично екстремно, со температури кои се редовно пониски од -60 степени целзиусови и ветрови побрзи од 100 километри на час. Ако бидете изложени на ваквото време повеќе од еден час, смртта е неизбежна. На Антарктик нема болници, не можете да најдете храна а ако се загубите, нема ни многу надеж. Не се оддалечувајте од вашата група. Позитивна страна може да биде фактот што има Мекдоналдс ресторан во склоп на Базата Скот, ако успеете да ја најдете.

АвганистанАвганистан

Веќе стотици години оваа земја е една од најпосакуваните и стратешки најважни територии на Земјата. Но, и понатаму е една од најсиромашните, најнеразвиени и најнесатбилни во светот. За време на советската инвазија, Црвената Армија поставила над 12 милиони нагазни мини во Авганистан. Стотици луѓе умираат годишно од овие направи. По Советите, Авганистан беше окупиран од Талибанците, кои го забранија образованието и вработувањето на жените. Во 2001, САД го сруши нивниот режим, но земјата е сè уште нестабилна поради криминалот, племенските ривалства и насилството поврзано со трговијата на дрога. Нападите на бомбаши самоубици се постојана закана, и никој во Авганистан не е безбеден. Најсмртоносниот напад на бомбаш самоубиец беше во Провинцијата Баглан во ноември 2007 кога беа убиени повеќе од 70 луѓе. Авганистан е исто така и најголемиот произведувач на хашиш и опиум.

СомалијаСомалија

Сомалија е пропадната држава позната по анархијата, корупцијата, недостатокот на било каква форма на влада и гладот. Патницте се предупредени да не влегуваат во Сомалија, самопрогласената „независна Република Сомалиленд“ ни па да се приблужуваат на Африканскиот Рог. Пирати патролираат во тој регион вооружени со автоматско оружје и често грабнуваат бродови за кои подоцна бараат откуп. Борбите меѓу клановите имаат одземено илјадници животи во северниот дел на земјата, додека територијата на главниот град Могадишу е поделена помеѓу многу кланови. Етиопија ја нападна исламистичката војска на Сомалија во 2006 година, при што имаше стотици жртви и илјадници внатрешно раселени лица. Ако американските маринци не успеаја да издржат ни една година во Сомалија, какви се вашите шанси?

СуданСудан

Очај, смрт и уништување се синоними за Судан. Тероризмот е нормална појава во оваа земја, која била под контрола на фундаментални исламистички воени режими од прогласувањето независност од Франција. Најмногу насилство има во регионот Дарфур, каде што има чести борби помеѓу владините сили и локалните востанички групи. Судан е во војна со Чад, главно поради конфликтот во Дарфур. Од 2003 година, 230000 судански бегалци го напуштиле Дарфур и отишле во источен Чад. Повеќе од два милиони луѓе биле убиени во двете граѓански војни кои траат веќе 50 години.

КолумбијаКолумбија

Киднапирањето е најголемата грижа во Колумбија. Во 1998 година во Колубмија имало 2338 киднапирања. 138 од жртвите на киднапирање биле убиени. Земјата се наоѓа на четврто место според бројот на убиства, со 69,98 убиства на 100000 жители во 2006 година, најчести жртви се градоначалниците, криминалците убиваат по неколку десетици од нив секоја година. И нормално, мора да се спомне и кокаинот. Колумбија произведува 75 проценти од кокаинот во светот. Благодарејќи на Пабло Ескобар и Кали Картелот паравојски војуваат против владата. Дури и оние кои се обидуваат да му помогнат на населението не се поштедени од насилствотот. Во 2005 година 5 католички мисионери биле убиени, што е намалување споредено со деветте во 1999. Прекрасниот брег и планините би требало да ја направат земјата туристички рај, но поради насилството Колумбија е дестинација од која многу луѓе се плашат.

ИракИрак

Не е важно дали сте Џорџ Буш, Пеле или Чак Норис, нема да бидете безбедни ако го посетите Ирак. И покрај богатата историја и големите нафтени резерви, оваа земја е уништена од насилство и очај. Од 2003 Ирак беше под окупација на САД која предизвика граѓанска војна со повеќе од 650000 цивилни жртви. Алкаеда, Сунитски востаници, Шиитски безбедносни сили, Курдски бунтовници, Турски а до неодамна и Американски војници како и криминалци се вмешани во насилство кое за жал нема наскоро да замре. Импровизираните експлозивни направи и мините се постојана закана, исто како и нападите од бомбаши самоубици кои имаат убиено стотици луѓе, најчесто цивили. Киднапирањата и убиствата се премногу честа појава. Од 2003 до 2008 година 2 милиони Ирачани пребегале во соседните земји а 1,9 милиони биле внатрешно раселени.

- Реклама -