10 најконтроверзни музички видеа

Повеќе... Од Мадона како води љубов со црн светец до познатиот татко во кревет со својата ќерка погледнете кои се најпознатите музичките видеа кои предизвикале најмногу контроверзи.


Од Мадона како води љубов со црн светец до познатиот татко во кревет со својата ќерка погледнете кои се најпознатите музичките видеа кои предизвикале најмногу контроверзи.

1. Closer – Nine Inch Nails (1994)
a96813_a508_closer.jpg

И покрај отворената сексуална содржина во стиховите на песната („I wanna fuck you like an animal/ I wanna feel you from the inside“) Closer стана најголемиот хит на Nine Inch Nails. Музичкото видео беше режирано од Mark Romanek и прв пат беше прикажано на 12 мај 1994, еден месец откако се снимаше.  Во видеото се прикажуваат контоверзни слики со религиозна, сексуална и политичка природа, суровост кон животните и нешто што изгледа дека е лабараторија на некој луд научник од 19 век. Беше скандалозен баш поради таквите слики, кои вклучуваат и голотија, мајмун врзан за крст, свинска  глава како се врти на некој вид на машина, дијаграм од вулва и Резнор со садо-мазо маска и во окови. И покрај контроверзните содржини ова музичко видео на Romanek се цени како уметност – Музејот на модерна уметност (MoMA) го има додадено во својата трајна колекција.

{youtube}C4VAv8y2hHM&feature=player_embedded{/youtube}

2. Viorar Vel Til Loftarasa – Sigur Ros (1991)
a96813_a508_kissing.jpg

Што е толку контроверзно во ова видео на ислаѓаните Sigur Ros? Сместено во 50-тите години, дејствието на видеото е сконцентрирано на бакнежот помеѓу две момчиња кој е прекинат од таткото на едно на момчињата за време на фудбалски натпревар. Сите членови од бендот имаат улога во видеото: Jónsi како фудбалски тренер, Orri како човекот задолжен за разулатите, Georg  како судија, а Kjartan е еден од гледачите. Некои луѓе велат, иако тоа не е официјално потврдено, дека темнокосото момче во спотот е всушност девојка, инаку видеото немало да може да се сними, бидејќи ниеден родител не би прифатил нивниот син да се бакнува со друго момче. Па така тие побарале некоја девојка која изгледа како момче. Добар трик.

{youtube}ABEmDC7FZQg&feature=player_embedded{/youtube}

3. Jeremy – Pearl Jam (1992)
a96813_a508_jeremy.jpg

Видеото раскажува приказна за едно момче кое е сурово малтретирано од страна на неговите соученици и игнорирано од родителите. На крајот момчето влегува во училница со оружје и следната сцена ги покажува учениците облеани во крв. Песната е инспирирана од вест која се појави во весниците за 15-годишно момче со име Jeremy Wade Delle од Тексас кое се самоуби пред своите соученици. Во интервјуто од 2009, Ведер рече дека тој чувствувал „потреба да ја земе таа приказна и да направи нешто во врска со тоа – да предизвика реакција, да и даде значење. “ Контроверзата, се разбира, дојде после сличниот инцидент во Колумбина. На MTV и VH1 беше забрането да се прикажува, а и ден денес спотот ретко може да се види. Можете да го погледнете видеото тука .

4. Lemon Incest – Serge Gainsbourg (1984)
a96813_a508_lemon.jpg

Serge Gainsbourg е познат по провокативноста, но дури и според неговите стандарди оваа песна која ја напиша за себе и за неговата ќерка е прилично контроверзна. Покрај насловот и фактот што видеото го покажува во кревет со својата 12-годишна ќерка, Шарлот, ова видео дефинитиво го заслужува местото во оваа листа.

{youtube}RTCYampCCy0&feature=player_embedded{/youtube}

5. (s)AINT – Marilyn Manson (2003)
a96813_a508_saint.jpg

Кој било од спотовите на Антихристот Суперстар може да биде вклучен во оваа листа, но видеото за (s)AINT  ги засенува сите други. Откако оригиналното музичко видео беше забрането за прикажување во Сад, Менсон направи друга верзија соодветна за на телевизија.

{youtube}tZvYHQIUdNA&feature=player_embedded{/youtube}

6. It’s a beautiful day for cancer – Al Bino (2009)
a96813_a508_cancer-albino.jpg

„It’s a beautiful day for cancer“ на раперот Al Bino (2009) предизвика многу дебати околу тоа дали таа е легитимна песна на еден нов музичар или досетлива маркетиншка кампања. Клипот покажува одвратна глава која расте од бемка на грбот на еден човек која пее за глупавоста на сончањето.

{youtube}rDE8HvGIt2U&feature=player_embedded{/youtube}

7. Smack My Bitch Up – The Prodigy (1997)
a96813_a508_smack-my-bitch.jpg

„Smack My Bitch Up“ беше 13-тиот сингл на The Prodigy. Песната беше и сè уште е многу контроверзна заради стиховите во неа, насловот и музичкото видео за кое се вели дека промовира насилство врз жените. Стиховите „Change my pitch up / Smack my bitch up“ се повторуваат низ целата песна. Таа беше забранета на BBC, а видеото режирано од Jonas Åkerlund, беше контроверзно колку што беше популарна и самата песна. Иако во основа беше забрането за прикажување на телевизија, поради големиот број барања, MTV го прикажа конечно, но само после полноќ. Видеото беше именувано за број 1 во топ листата на најконтроверзните видеа во историјата на MTV. И покрај контроверзноста,
видеото беше номинирано во 4 категории на MTV Video Music Awards, а ги освои номинациите за Best Dance Video и Breakthrough Video.

{youtube}GCgxaFa7BuA&feature=player_embedded{/youtube}

8. Like a Prayer – Madonna (1989)
a96813_a508_prayer-madonna.jpg

Иако можеме да го разбереме негодувањето на папата заради тоа што Мадона се користи со религиозна иконографија во ова видео, Like a Prayer изгледа речиси наивно за денешните стандарди. Но назад во 1989 беше критикувано заради повеќе работи: делот каде гори крстот, сцената каде Мадона е прикажана како стигмата и жешките сцени со црниот светец. После скандалот кој го предизвика со ова видео, Пепси ја откажа соработката со Мадона.

{youtube}uORcKfgVJaE&feature=player_embedded{/youtube}
9. Call On Me – Eric Prydz (1982)
a96813_a508_call-onme2.jpg

„Call On Me“ на шведскиот диџеј и продуцент Eric Prydz предизвика контроверзи заради сексуалната природа на вежбите аеробик прикажани во видеото. Голем број политичари и групи бараа видеото да се забрани за прикажување, но, всушност, постојат две верзии на видеото – една за преку ден и една нецензурирана за прикажување доцна навечер. Песната се искачи на врвот на топ листите во Британија, Германија и Ирска, а музичкото видео беше најпреземано видео во историјата во Австралија. Заради популарноста и бараноста на спотот, подоцна беше издадено DVD наречено Pump It Up – The Ultimate Dance Workout, каде танчарките од „Call on Me“ изведуваат аеробик на популарни денс песни.

{youtube}z26hMNbc6mk&feature{/youtube}

10. The Thunder Rolls – Garth Brooks (1991)
a96813_a508_country.jpg

Да, дури и кантри музичарите знаат да предизвикаат контроверзи. Темата на „The Thunder Rolls на Brooks“ е неверство и убиството на насилниот сопруг (иако тоа повеќе се гледа од видеото отколку од песната). Стиховите на крајот на песната беа отфрлени иако беа изведувани на живите настапи, но видеото сè уште го покажува нецензуриранот крај на приказната. Тоа, заедно со темата на злоупотреба, беше доволна причина спотот да биде забранет за прикажување на телевизија, но сепак видеото ја доби наградата за Музичко видео на годината на CMA.

{youtube}jIohmWwm6cE&feature=player_embedded{/youtube}
- Реклама -