Порано, кога некое филмско студио ќе фрлеше еден куп пари на некој филм, тој со сигурност излегуваше во кино салите, дури и ако на сите им беше јасно дека се работи за катастрофално лош производ. За среќа, во денешно време, тие студија имаат сопствени кабелски канали кои ги користат како план б, место каде што филмовите како претстојниот дебакл на Линзи Лохан „Породилни болки“ одат да умрат.
Порано, кога некое филмско студио ќе фрлеше еден куп пари на некој
филм, тој со сигурност излегуваше во кино салите, дури и ако на сите им
беше јасно дека се работи за катастрофално лош производ. За среќа, во
денешно време, тие студија имаат сопствени кабелски канали кои ги
користат како план б, место каде што филмовите како претстојниот дебакл
на Линзи Лохан „Породилни болки“ одат да умрат. Следи листата на 10
најголеми филмски катастрофи во историјата:
10. „Дина“ (1984)
Фановите на научно фантастичниот роман на Френк Херберт од 1965 мораа да чекаат речиси 20 години за да видат екранизација на нивната омилена приказна. Причина за ова биле неколкуте неуспешни обиди да се собере екипа за снимање, за најпосле да добиеме филм режиран од Дејвид Линч, со тогаш непознатиот Кајл МекЛахлан во главна улога и секако – Стинг! Саундтрекот од Тото воопшто не помогна за да се подобри сликата за овој филм кој се сведе на 2 и пол часа брканици низ пустина. Филмот заработи едвај половина од вложените 45 милиони долари.
9. „Иштар“ (1987)
На хартија, изгледаше како филм кој не може да не успее. Суперѕвездите Ворен Бити и Дастин Хофман заедно во филм наменет за новата генерација. Но, пролонгираното снимање довело до трошење на 55 милиони, а заработката се заокружи на едвај 14 милиони долари. А филмот не е ни толку лош. На што се должи неуспехот? Легендата вели дека Дејвид Путнам кој го презел студиото Колумбија Пикчрс среде снимањето, раширил негативни гласини за филмот, зашто претходно имал недоразбирања со главните актери.
8. „Хадсон Хок“ (1991)
Овој филм докажа уште еднаш дека некои луѓе изгледаат добро само пред камерата. Откако стана супер популарен, Брус Вилис реши не само да игра во „Хадсон Хок“, туку и да помогне во пишувањето на сценариото. Постојаните преправки и менувања на приказната станаа забележливи во филмот полн со претерана акција. За снимањето беа потрошени 65 милиони, а заработката се сведе на 17. За среќа, оттогаш Брус Вилис не се обидел да напише уште некое сценарио.
7. „Војник“ (1998)
Постапокалиптичен филм со Курт Расел кој се случува во пустина. Во 99 минутниот филм Расел изустува вкупно 79 зборови (од кои 11 се „господине“ – сепак, се работи за војник), што е отприлика еден збор на секои 1,25 минути. Има точно 24 реплики, од кои најдолгата е: „Разбрав, двојка, извести го девет и започни со пукање“. Моќен филм. Зарем некому уште не му е јасно зошто со потрошени 75 милиони заработи само 6,5 (околу 82 и пол илјади долари по збор)?
6. „Дивиот див запад“ (1999)
Изгледа речиси невозможно Вил Смит да се направи нехаризматичен. Но, токму тоа им успеа на продуцентите на овој филм, а на помош им дојде лошото сценарио и претераните специјални ефекти. Дури ни Кевин Клајн и Селма Хајек не беа во можност да го спасат филмот. Иако се зборува дека во светски рамки заработил 200 милиони, буџетот бил 170 милиони и ако на тоа ги додадеме и трошоците за рекламните кампањи, на крајот ни останува катастрофа со страшни критики зад себе.
5. „Бојно поле – Земја“ (2000)
Овој филм со Џон Траволта во улогата на вонземјанин кој наликува на Франкенштајн со суканици, универзално се смета за еден од најлошите филмови во историјата. Базиран е врз првата половина од истоимениот роман на основачот на скиентологијата Л. Рон Хабард, а откако продуцентската куќа банкротирала, вториот дел никогаш не бил (и нема да биде) направен. Потрошени се 44, а заработени 21 милион долари.
4. „Авантурите на Плуто Неш“ (2002)
Концептот на овој филм се разработувал 15 години (прво предупредување). По крајот на продукцијата, бил оставен да „отстои“ околу 2 години (второ предупредување). Ѕвездата, Еди Марфи, ја одиграл цела приказна во еден здив, а глумењето е прилично болно за гледање (последно предупредување!). На крајот, имаме филм за чие снимање се потрошени 100 милиони долари, а извадил заработка од само 8,9 милиони од целиот свет. Со ова, филмот станува најголемиот финансиски неуспех во историјата на Холивуд.
3. „Планета на мајмуните“ (2001)
Добро, овој филм извади заработка од околу 363 милиони, а за снимање се потрошени само 100, што според Холивудските стандарди е успех. Но, според здравиот разум, се работи за една од најголемите грешки во филмската историја. Римејкот го немаше она што го имаше оригиналниот филм – шарм. Фокс студиото очигледно се согласи со ова и никогаш не беше направено продолжението претходно најавено.
2. „Спид Рејсер“ (2008)
Овој филм е ултимативниот доказ дека браќата Вачовски се преценети. Секако, го направија филмот кој е научно фантастична библија на новиот милениум „Матрикс“, но треба да се запомни дека ги направија и двете разочарувачки продолженија од истиот филм. Згора на тоа, нивно дело е и филмот „Убијци“ со Сталоне и Бандерас (филм кој секако ќе беше на оваа листа, доколку некој воопшто имал некакви очекувања од него). Во случајов, тие фрлија 120 милиони за ефективно да уништат една од најдобрите анимирани серии на сите времиња, а им се вратија 97. Згора на тоа, се слушнаа и гласини дека имало малтретирање животни за време на снимањето. Изгледа Чим-Чим требало да ја земе сината таблета.
1. Кевин Костнер
Кевин Костнер е најдобриот пример за тоа како треба да се уништи идеја за филм. Почнувајќи од „Воден свет“, па преку „Поштарот“, сè до „3000 милји до Грејсленд“. Овие три филма заработија вкупно 14 номинации за златните малини, а Костнер заработи номинација за најлош актер на векот за кумулативната работа во „Поштарот“, „Воден свет“, „Робин Худ: Принцот на крадците“ и „Вајат Ерп“. Одлично!