Сите сонуваат (дури и ако не се сеќаваат на своите соништа), а истражувачите открија дека мнозинството од нас сонуваат соништа со слични теми. Со години луѓето се обидуваат да ги толкуваат тие лебдечки слики кои ги гледаме кога спиеме – некои толкувања се бизарни,а некои сосем разбирливи. Ова е листа на толкувања која Асоцијацијата за проучување на соништата ги направи врз најчестите типови на соништа кои ги имаат мнозинството од нас.
Сите сонуваат (дури и ако не се сеќаваат на своите соништа), а истражувачите открија дека мнозинството од нас сонуваат соништа со слични теми. Со години луѓето се обидуваат да ги толкуваат тие лебдечки слики кои ги гледаме кога спиеме – некои толкувања се бизарни,а некои сосем разбирливи. Ова е листа на толкувања која Асоцијацијата за проучување на соништата ги направи врз најчестите типови на соништа кои ги имаат мнозинството од нас.
Во овој тип соништа личноста која сонува најчесто е во или покрај автомобил или друг вид на возило кое е надвор од контрола или има некој проблем кој изгледа несовладлив. На пр. кочниците не работат или сте изгубиле контрола во управувањето, паѓате од провалија или правите сообраќајка (се удирате во нешто). Ова е многу чест вид на кошмар и го сонувал речиси секој (не самo оние што знаат да возат). Овој сон најчесто значи дека се чувствувате немоќно врз или окoлу нешто во вашиот живот или дека сте на пат да се судрите со нешто (метафорички кажано).
Во ваквите соништа некоја механичка опрема или не функционира (расипана е) или не функционира на начин на кој вие очекувате. Најголем дел од овие соништа се поврзани со телефон – или неуспешно пробувате да заѕвоните на некој телефонски број, се губи конекцијата или сте побарале погрешен број. Може да се случи да сонувате и дека ви паднала интернет конекцијата или, пак, дека некоја машина е расипана и не функционира. Овие соништа најчесто значат дека се чувсттвувате како да го губите допирот со реалноста или дека некој дел од вашето тело или ум не функционира како што би требало. Исто така, вакви соништа можат да се појават кога сте вознемирени околу врската која треба да ја воспоставите со некоја личност од реалниот живот.
Да сонувате дека сте се изгубиле е многу чест сон и најчесто се појавува кога имете некаков конфликт во донесувањето одлука како да реагирате во некоја ситуација од реалниот живот. Во сонот се обидувате да го најдете патот кој ќе ве однесе надвор од некое место – како шума,
улици во градот, голема зграда или некои други структури кои наликуваат на лавиринт. Друг начин на кој овие соништа можат да се појават е да бидете заробен, закопан жив, фатен во мрежа или на кој било начин да бидете оневозможени да се движите поради некоја причина. Ова е често придружено со чувство на страв. Овие соништа најчесто значат дека вие сте заробени во реалниот живот – оневозможени да го направите вистинскиот избор.
Во овој вид на соништа вие трчате да го фатите автобусот или возот или некој друг вид на јавен превоз, но го испуштате во последен момент. Наместо да чувствувате страв, најчесто сте фрустрирани. Овој сон може да се појави и во друга форма, ако сонувате дека задоцнувате на некој важен настан во кој треба да учествувате, за тогаш да дознаете дека тој само што започнал. Овој вид на соништа најчесто значат дека се чувствувате дека сте пропуштиле важна прилика во вашиот реален живот. Најчесто ваков сон се појавува кога треба да донесете некоја за вас важна одлука.
Овој сон најчесто се појавува кај луѓе кои оддамна завршиле или не биле долго време во училиште. Во сонот вие сте спречени да го поминете тестот од најразлични можни сценарија. На пр. не стигнувате на време да го завршите тестот или не можете да ја најдете училницата. Во друга можна верзија не сте подготвени односно не сте научиле доволно или ви недостасува нешто важно во врска со тестот. Овој вид на соништа најчесто значат дека се чувствувате тестирани на некој начин во реалниот живот. Може да се чувствувате неподготвено за нешто или како да ви се случува нешто во вашиот живот за кое сметате дека е погрешното за вас или дека сте во погрешната улога во вашиот реален живот.
Во овие сонови, вие (или некој што го сакате) сте болни, повредени или некој умира во сонот. Тоа е чест сон и се појавува, што не е за изненадување, како предзнак за некоја болест. Настрана од тоа, ваков сон може да значи и дека сте емоционално повредени или исплашени дека некој ќе ве повреди. Исто така, може да биде и предупредување за вас за некоја претстоечка закана за вашето физичко здравје или на некој кој што ви значи. Кога сонувате дека некој друг умира, тоа може да значи дека се чувствувате како дел од вас (кој во сонот го претставува одредената личност) да умира. Може да значи и дека личноста што ја сонувате посакувате да замине или, пак, дека се плашите дека ќе го изгубите. Сето тоа во зависнсот од тоа што значи таа личност за вас.
Да се сонува дека некој ве прогонува може да биде навистина застрашувачко искуство. Најчесто оној што ве прогонува е некое чудовиште или некоја личност која е застрашувачка за вас или може да биде некое животно. Ќе се изненадите од фактот дека тоа е најчестиот кошмар на повеќето. Значењето на овие соништа е дека некој, нешто (или некоја емоција) прави да се чувствувате загрозени. Еден од начините да се одреди коренот и потеклото на заканата е да се запрашате себеси кој или што во вашиот реален живот најмногу ви наликува на „суштеството“ или околноста во вашиот сон од кое доаѓа заканата. Исто така вреди да се спомене дека понекогаш ваквиот вид на соништа е повторување на некоја случка која ви се случила во реалниот живот.
Соновите со заби се многу чести и тие вообичаено вклучуваат откривање дека забите ви се расипани или ви недостасува некој. Понекогаш се сонува дека ја отворате устата и забите почнуваат да ви паѓаат. На најосновно ниво овие сонови значат дека се плашиме дека некому ќе му бидеме непривлечни. На подлабоко нивоо, може да означува некој страв или засрамувачко чувство или чувство дека ја губиме моќта во реалниот живот.
2. Сонови со голотија
Во овој тип на сон вие сте голи или делумно голи или несоодветно облечени (на пр. носите пижами на работа). Понекогаш во друга варијанта на истиот сон – вие сте сведок на некој кој е гол додека вие сте облечени. Ова често е придружено со чувство на срам и понижување, но може и обратно – чувство на гордост или слобода. Значењето на овој сон е дека се чувствувате изложени или откриени, се чувствувате необично или ранливо или се плашите дека сте откриле повеќе одошто сте сакале за себеси во реалниот живот (некоја тајна или некое многу лично чувство). Интересен е фактот дека ваков тип на сон се јавува почесто кај луѓе кои се дел венчавка, свадба во нивниот живот.
Сите сме сонувале некогаш дека паѓаме – тоа е најчест вид на сон. Варијација на истиот сон е дека тонеме во вода или сме во опасност од тонење. Личноста која сонува ваков сон се чувствува несигурно или дека и недостасува поткрепа во нејзиниот реален живот. Овие сонови најчесто се јавуваат кога се чувствувате поразени или совладани во животот и спремни да се предадете. Ако имате вакви соништа би требало добро да ја преиспитате вашата сегашна ситуација и да пробате да го лоцирате проблемот поради кој се чувствувате поразени или скршени. Доколку се соочите со тоа сонот нема да се повтори.