Размислувате ли за здрави одлуки и промени поврзани со начинот на исхрана, вежбање и начин на живот воопшто? Првиот чекор што треба да го направите е утринска доза на топла вода со лимон.
Ако пиете цеден лимон измешан со топла вода на празен стомак, тоа ќе го стимулира дигестивниот систем, бидејќи ќе ја подобри способноста на телото да ги апсорбира хранливите материи. Со други зборови, многу набрзо по пиењето на оваа чаша магична напивка, ќе треба да го користите тоалетот.
Ви претставуваме десет благодети од оваа магична напивка:
1. Водата и лимонот го чистат организмот и нежно ги чистат бубразите и црниот дроб од токсини.
2. Една чаша сок од лимон содржи помалку од 25 калории.
3. Пијалокот е богат со хранливи материи како што се калциум, калиум, витамин Ц и растителни влакна.
4. Помага во чистење на лимфниот систем, кој е од суштинско значење за отстранување на токсините.
5. Телото ќе има доволно вода ако ви стане навика да пиете лимон со вода.
6. Со усвојување на овие навики, правите детоксикација на телото и губите килограми.
7. Го стабилизира шеќерот во крвта.
8. Водата со лимон ја разредува уричната киселина, а со тоа помага кај артритисот и гихтот.
9. Тој е природен антисептик и антиоксиданс. Спречува грип и настинка, и многу видови на инфекции.
10. Помага во намалување на крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот (HDL) холестерол.