10 начини да препознаете лажговци

Лажго Постојат луѓе кои лажењето го имаат усовршено до степен на уметност. Понекогаш е исклучително тешко да се препознае неискреноста кај тие луѓе и е многу веројатно оти некој, на крајот ќе заврши повреден. Еве 10 едноставни начини на кои можете да ги препознаете лажговците, пред да биде предоцна.


Постојат луѓе кои лажењето го имаат усовршено до степен на уметност. Понекогаш е исклучително тешко да се препознае неискреноста кај тие луѓе и е многу веројатно оти некој, на крајот ќе заврши повреден. Еве 10 едноставни начини на кои можете да ги препознаете лажговците, пред да биде предоцна.

Лажго1. Внимавајте на нозете! Доколку вашиот соговорник ги завиткува нозете околу столчето на кое седи, голема е веројатноста дека нешто крие од вас – вистината.

2. Паузи.
Доколку поставите едноставно прашање на кое се бара директен одговор, а вашиот соговорник направи поголема пауза пред да започне со одговарањето (или доколку го повтори целото прашање), тогаш тој смислува како најдобро да ве излаже.

3. Палците ќе ви ја покажат неудобноста.
Доколку во текот на разговорот, соговорникот ги чува рацете во џебови, погледнете ги палците. Доколку тие се внатре во џебот, тоа значи оти тој има нешто што крие.

4. Лажење во рикверц.
Кога конструирате лага, без разлика колку и да е добро осмислена и до детали раскажана, речиси е невозможно да ја раскажете во обратен редослед. Па, доколку сакате некого да го фатите во лага, побарајте да ги чуете настаните во обратен хронолошки редослед.

5. Кревање раменици.
Доколку при одговарањето на некое прашање кое е едноставно, соговорникот подигне едно или обете раменици, тогаш неговата потсвест открива дека тој нешто крие.

6. Но!
Ако сите приказни на вашиот соговорник почнуваат со реченици од типот: „Нема да ти се верува, но…“ или „Можеби ќе ти звучи чудно, но…“, прилично е голема веројатноста оти она што следи ќе биде лага.

7. Јазикот не лаже.
Ако некому му поставите прашање и пред да одговори рефлексно го исплази јазикот или си ги излиже усните, тоа значи дека е убеден оти ќе ви ја „продаде“ лагата.

8. Зјапање во очи.
Сите ја знаат старата изрека дека тој што лаже не може да ве погледне во очи. Токму затоа, некои поискусни лажговци ќе ве зјапаат во очите неприродно долго, само за да ви докажат дека не ве лажат.

9. Неможност за адаптирање.
Исто како што лажгото има потешкотии да ја раскаже лагата во обратен редослед, истоветно има и проблеми со адаптацијата. Па така, ако успеете да му докажете дека еден сегмент од неговата приказна паѓа во вода, тогаш навистина ќе се помачи за повторно да ја исконструира лагата.

10. Гестови со раце.
Доколку во текот на разговорот вашиот соговорник често ја принесува дланката до лицето, за да се почеша на различни места, да го допре носот и сл., тоа е знак дека потсвесно се обидува да ги блокира зборовите кои му излегуваат од устата, а за кои знае дека се невистина.

- Реклама -