Глобалното затоплување, многубројниот отпад и загрозувањето на природните ресурси е главна грижа не само на екологистите, туку и на сите нас.
Додека секојневно земаме „здраво за готово“ сето она што природата со години ни го обезбедува, често не помислуваме дека природните ресурски не се вечни.
Денот на планетата Земја, 22-ри април не потсетува дека екологијата треба да стане дел од нашиот секојдневен живот.
Најголемите еколошки проблеми се предизвикани од страна на индустријата, но иако не можеме да ги решиме, животната средина и енергија можеме да ја сочуваме. Без премногу напор можеме да добринесеме до вистинско мало еколошко чудо.
1. Економични сијалици
Иако енергетските штедливи сијалици се поскапи од обичните, нивниот век на траење е 10 пати подолг од оние обичните кои само 5 проценти од електричната енергија ја користат за осветлување, додека останатото преминува во топлина. Освен тоа, економската сијалица користи пет пати помалку енергија од нормалната сијалица, па е многу исплатлива.
2. Намалете го греењето
Не е потребно да го исклучите греењето, секако, туку да го намалите пред да излезете од дома и непосредно пред легнување. Така ќе ја намалите потрошувачката на струја и пари, додека косата и кожата ќе ви бидат благодарни за намалување на сувиот воздух во собата.
3. Исклучете ги електронските апарати
Исклучувањето на телевизорот со далчиснки управувач е погодно во мометот кога лежите во креветот, но е неповолно за потрошувачката. DVD-уредите, компјутерите и телевизорите трошат околу 80 проценти од струјата додека се на ‘stand by’. Исто така, исклучете го полначот на мобилниот телефон од струја по полнењето. На тој начин ќе заштедите значителна количина на енергија.
4. Поместете го мебелот од радијаторот
Така ќе овозможите непопречен проток на топол воздух. Сушењето на облека на загреан радијатор може да изгледа како добра идеја, но на тој начин се блокира протокот на топлина потребна за просторијата.
5. Штедете со казанчето во тоалетот
Скоро една третина од вкупната потрошена вода во домаќинството се должи на казанчето во тоалетот. Ако во казанчето вградите преграда за вода, тоа ќе тече колку што ќе го држите. На тој начин може да „спасите“ и до 8,000 литри вода по домаќинство годишно.
6. Туширајте се
Туширањето троши половина помалку вода, отколку капењето во када.
7. Додека готвите, покријте го тенџерето
Ако го поклопувате садот во кој готвите, ќе користите струја само колку што ви е навистина потребна. И ако користите рерна, големината на садот треба да се поклопува со големината на ринглата.
8. Топлете само потребна количина на вода
Доколку варите кафе или чај, ставете вода само колку што ви е потребна. Годишно ќе заштедите илјадници галони вода.
9. Одмрзнете ја храната
Ако планирате да одмзнувате храна, место да ја ставате во микробранова печка, навечер ставете ја во фрижидер или на собна температура.
10. Рециклирајте
Според материјалот рециклирајте стакло, пластика, хартија, за подобра и поздрава средина. Не заборавајте на батериите кои со тешките метали, особено кадмиумот, ги загадуваат подземните води.