Со правилните зборови, никогаш не можете да згрешите.
Направете здравица која ќе биде нова, интересна, двосмислена, и која секогаш ќе ве насмее. BuzzFeed издвои десетина интересни здравици.
1. Здравица која ќе го помине тестот на времето:
Нека пријателството, како вискито, се подобрува како што поминува времето. И секогаш да имаме старо виски, стари пријатели, и млади грижи.
2. Зборови кои можат да се кажат кога ќе наздравувате со момците:
Ова е за жените кои сум ги сакал, и сите оние кои сум ги бакнал. За каењата, имам само едно: сите оние кои сум ги пропуштил. О, женските грешки се многу, ние мажите имаме само две:
Секоја работа која ја кажуваме и се што правиме.
3.Поглед кон младите години напред:
Нека несреќата те следи до крајот на твојот живот, но никогаш да не те стигне.
4. Слави го пријателството кое го споделуваш:
Некои бродови се дрвени бродови (ships), но тие бродови можат да потонат. Најдобрите бродови се пријателствата (friendships) и за тие ние пиеме.
5. И мислете на своите потомци:
Нека нашите синови имаат богати татковци и убави жени!
6. Наздравување за добра среќа:
Биди сиромав во несреќата, богат во благословите, спор во правењето непријатели, и брз во правењето пријатели.
7. Сподели совршен момент со некој посебен:
Нека сите наши лоши денови бидат вакви.
8. Или рефлектирај на самата смрт:
Нека твојот ковчег биде направен од двро старо 100 години. Ќе го насадиме дрвото утре.
9. Не ги прескокнувај сите години кои сте ги споделиле:
Нека подот под нас никогаш не пропадне, и нека ние како пријатели никогаш да не се скараме.
10. И пробајте да не им дозволите никогаш да ве стигнат:
Порано знаев паметна здравица, но сега не можам да се сетам на неа. Па наполнете ги чашите со било што, и во ваша чест јас ќе пијам!