10 мртви славни личности што најмногу заработуваат

Ten top earning dead celebrities Некои луѓе вредат повеќе по смртта отколку додека биле живи… барем од монетарна гледна точка. Форбс ја објави својата најнова листа на познати личности кои заработуваат најмногу. Лидерот на оваа листа заработил повеќе во последнава година отколу сите останати заедно.

Некои луѓе вредат повеќе по смртта отколку додека биле живи… барем од монетарна гледна точка. Форбс ја објави својата најнова листа на познати личности кои заработуваат најмногу. Лидерот на оваа листа заработил повеќе во последнава година отколу сите останати заедно.

Ten top earning dead celebrities1. Мајкл Џексон

Неодамнешната смрт на Кралот на Поп Музиката ја зголеми продажбата на неговите албуми. Оваа година имотот на Џексон се зголеми за 275 милиони американски долари, со што заработи повеќе од двете групи со најголема заработка во 2010, U2 и AC/DC. Џексон исто така бил и најбараната славна личност на Гугл годинава.

Ten top earning dead celebrities2. Елвис Присли

Кралот на Рок енд Ролот го зазеде второто место на оваа листа. Елвис сè уште привлекува голем број посетители во Лас Вегас, и бил попопуларен дури и од шоуто Елвис на Сирк де Солеи. Имотот на Елвис годинава заработил 60 милиони долари.

Ten top earning dead celebrities3. Џ.Р.Р. Толкин

Толкин се наоѓа на првите неколку места на оваа листа уште од излегувањето на филмовите од трилогијата Господар на Прстените. Но, неговата заработка доби дополнителен бонус поради плановите за филмска обработка на уште едно негово дело. Имотот на Толкин заработи 50 милиони долари од Холивуд и од продажбата на околу 500000 примероци од неговите книги.

Ten top earning dead celebrities4. Чарлс М. Шулц

Шулц сè уште заработува од неговите креации Снупи и Чарли Браун. Според Форбс, неговите ликови сè уште се појавуваат во 2200 весници во 75 земји. Правата за користење на ликовите биле купени од Iconix, што дополнително ја зголемила заработката која изнесува 33 милиони долари.

Ten top earning dead celebrities5. Џон Ленон

Пејачот на Битлс сè уште заработува големи суми на пари. Дел од заработката доаѓа и од Битлс проектите, како Beatle’s Rock Band. Имотот на Ленон се зголемил за 17 милиони долари годинава

Ten top earning dead celebrities6. Стиг Ларсон

За жал, успехот на Ларсон започна по неговата смрт во 2004 година. Неговата хит книга „Мажи кои мразат жени“ (“Män som hatar kvinnor” на шведски) била објавена постхумно. Сега, шест години подоцна, трите книги од серијата ќе бидат обработени во Холивуд, а наводно била откриена и четврта книга. Имотот на Ларсон заработил 15 милиони долари само оваа година.

Ten top earning dead celebrities7. Теодор Геисел (Dr. Seuss)

Доктор Сеус е уште еден писател кој се појавува на оваа листа. Неговите книги за деца немаат загубено од нивната популарност, и му ја носат на Геисел титулата најпопуларен писател за деца. Неговите дела наоѓаат и нова публика преку Dr. Seuss Ipad apps. Тој има продадено речиси 3 милиони книги годинава, за заработка од 11 милиони долари.

Ten top earning dead celebrities8. Алберт Ајнштајн

Кој би претпоставил дека и науката може да се исплати? Сепак, Ајнштајн не заработува од наука, туку од неговото име. Името Алберт Ајнштајн се појавува во реклами за автомобили, очила, видео игри и дизниевите производи од линијата Бебето Ајнштајн. Имотот на Ајнштајн годинава заработил 10 милиони долари.

Ten top earning dead celebrities9. Џорџ Стајнбренер

Сопственикот на Њујорк Јенкис, Џорџ Стајнбренер умре во јули, но и понатаму заработува од клубот. Јенкис само што испаднаа од плејофот, но сепак му донесоа на Стајнбренер 8 милиони долари пред сезоната да заврши за нив.

Ten top earning dead celebrities10. Ричард Роџерс

Можеби не сте чуле за Ричард Роџерс, но сигурно сте чуле некое негово дело. Тој ги напишал песните “My Funny Valentine” и “The Lady is a Tramp”. Imagem Music Group само што ги откупи делата на Роџерс, заедно со оние на Оскар Хамерстајн, за 200 милиони долари. Имотот на Роџерс заработи 7 милиони долари оваа година.

Заработувачките на оваа листа составена од Форбс се пресметани за периодот од 1 октомври 2009 до 1 октомври 2010.

- Реклама -