Да се превземе одговорноста, да се заќути на време или да се биде љубезен после напорен ден е многу тешко понекогаш. Но и за тоа постои решение. Ви ги преставуваме десетте заповеди, кои можат да ја направат вашата врска идилична.
1. Можете да се лутите, но никогаш не бидете лути еден кон друг, во исто време.
2.Не урлајте еден на друг, освен ако нешто не се запалило.
3. Ако некој мора да победи во расправијата, нека биде другиот. Толеранцијата, искреноста и попустливоста, се важни особини за среќен и долг брак.
4. Ако навистина морате да упатите критика, нека биде тоа на нежен начин.
5. Никогаш не ги спомнувајте грешките од минатото.
6. Подобро игнорирајте го целиот свет, отколку вашиот партнер.
7.Не одете на спиење, додека не ги решите несогласувањата.
8. Секој ден, пронајдете барем еден убав збор за вашата сакана личност.
9. Ако сте згрешиле, бидете спремни и да го признаете тоа. Зборот “извини” е многу убав збор да се слушне.
10. За караница се потребни двајца, а најчесто е крив, тој што е најгласен.