Многумина мислат дека Дубаи е град без историја и култура. Не баш.
1967
Рачно истоварање на цемент во близина на денешното пристаниште Порт Рашид. Побарувачката за цемент експлодираше кога беше откриена нафта во 1966, и Х. Х. Шеик Рашид направи планови за експанзија на емиратот во Дубаи. Илјадници тони цемент беа рачно влечени, торба по торба. Фотографијава е уште од пред да постојат Обединетите Арапски Емирати (формирани се во 1971).
1977
Автомобил минува до иконската џамија Џумеира, направена од бел камен, компетирана во 1978. Денес е опкружена со продавници.
1979
Официјалното транспортно возило на кралицата Елизабета II на нејзината тура низ Обединетите Арапски Емирати во 1979 беше Мерцедес. Обезбедувањето задолжено да ја штити кралицата, ја следеше колата јавајќи на камили. Патем, баш овој Мерцедес сега се наоѓа во Националниот автомобилски музеј на ОАЕ, во Абу Даби.
1984
Х. Х. Шеик Зајед – основачот на ОАЕ, во 13-тата година од неговиот 33-годишен мандат како претседател на ОАЕ.
1987
Обично семејство од Емиратите, сликано пред традиционална продавница за основни намирници во Дубаи.
1990
Фотографијава од Емиратскиот Голф Клуб покажува колку многу се сменил изгледот на градот за само 16 години. Клубот сега е опкружен од The Views, JLT и The Lakes – познати знаменитости на Дубаи. Патот што се гледа на сликата денес има многу повеќе ленти.
1991
Еве како голф клубот на другиот крај на градот – The Dubai Creek Golf Club изгледаше во ’90-тите. Сега е дом на раскошни зелени терени и прекрасниот Park Hyatt хотел. Еве како изгледа -> клик.
1995
Жена носи традиционален бедуински свадбен вел – накитот често претставувал колкав дел од парите на невестата влегуваат во бракот.
1996
Традиционален лекар во Ал Аин демонстрира древна бедуинска техника, која вклучува нанесување на жежок метал на стомакот на пациентот (на принцип сличен како кај акупунктурата).
1997
Средина на ’90-тите, кога компјутерите големи колку мало куче беа глетка за восхит во Gitex (најголемиот пазар и саем за технологија во регионот). Кој би рекол дека за помалку од 20 години, на саемот ќе има претставено домови кои всушност ти зборуваат.