10 предлог филмови со интересни пресврти

Покрај одличните филмови “The Mist”, “Se7en”, “The Sixth Sense”, “Fight Club”, “Saw”, “The Others”, “Memento” и “American Psycho” со одлични заплети, интересни содржини и добро познати се надевам , кои доколку не сте ги гледале тогаш мора да се најдат на вашата листа гледани филмови што поскоро, ви издвојуваме 10 филма кои што исто така се подеднакво одлични но не се познати за сите гледачи.

Освен кратката содржина ништо нема да напишам повеќе за филмот за да не ви ја уништам возбудата. Се надевам ќе уживате!

1. The Secret In Their Eyes 2009

Оскаровскиот филм “The Secret In Their Eyes” е на режисерот Хуан Хосе Кампенела и раскажува за пензиониран правен советник кој што пишувајќи роман за нерешен поранешен случај, се надева дека ќе го реши случајот за убиство на една млада девојка и враќањето на неговата неисполнета љубов со претпоставената. Улогите се на:  Рикардо Дарин и Соледад Виламил.

2. The Orphanage 2007

Една жена го носи своето семејство назад во нејзиниот дом од детството, кое тогаш било сиропиталиште за деца со посебни потреби. Нејзиниот син ќе почне да комуницира со невидлив нов пријател и ќе почнат да се случуваат промени. Режијата е на Џ.А.Бајона, а улогите се на Белен Руеда и Фернандо Кајо.

3. Primal Fear 1996

Министрант е обвинет за убиство на свештеник, но вистината е закопана неколу слоја подлабоко. Филмот е адаптација на новелата на Вилијам Дил, режијата е на Грегори Хоблит, а улогите се на Ричард Гир и Едвард Нортон.

4. Crazy, Stupid, Love. 2011

Огромни промени во животот на еден средновечен маж се случуваат кога неговата сопруга ќе сака развод. Тој се обидува да ја открие неговата машкост со помош на новооткриен пријател. Режијата е на Глен Фикара и Џон Рекуа, а улогите се на Стив Карел и Рајан Гослинг.

5. Vanilla Sky 2001

Животот изненадно му се менува на еден успешен издавач кога ќе доживее несреќа со неговата љубовница. Филмот е римејк на шпанскиот филм “Open Your Eyes 1997” и е во режија на Камерон Кроу. Улогите е се на Том Круз, Пенелопе Круз и Камерон Дијаз.

- Реклама -