Без разлика дали сакате да нуркате длабоко, или да пливате покрај водопади, сигурни сме дека ќе пронајдете базен кој ќе го задоволи вашиот избор.
Без разлика дали сакате да нуркате длабоко, или да пливате покрај водопади, сигурни сме дека ќе пронајдете базен кој ќе го задоволи вашиот избор.
Најголемиот базен во светот
Овој базен е совршен ако сакате да правите кругови во него – долг е повеќе од 105 метри, покрива 20 акри, длабок е 35 метри и содржи 66 милиони галони вода. Гинисовата книга на рекорди го прогласи овој базен, кој се наоѓа покрај морето во Чил, за најголем на светот. За да се изгради овој базен биле потребни 5 години, чинел 1 милијарда долари, а за неговото годишно одржување се издвојуваат по 2 милиони долари. Водата е толку бистра што можете да го видите дното дури и на најдлабоката точка. Само за споредба, еден олимписки базен е 45 на 22 метри.
Ѓаволовиот базен
Водопадите на Викторија се наоѓаат помеѓу Замбија и Зимбамбве. Висок е 110 метри. На врвот има природен камен базен, наречен Ѓаволовиот базен, каде што водата е релативно мирна. Од Септември до Декември,кога нивото на водата е ниско, можете да пливате во Ѓаволовиот базен. Сликава е ставена само за да ве нервира малку. Или многу:)
Висечкиот базен
Овој базен е на врвот на Joule хотелот, во Далас, Тексас. На 10 ката над земјата, овој базен им дава прекрасен поглед на своите нуркачи.
“Ocean Dome”
Овој базен се наоѓа во Миацаки и е најголемиот базен во затворено. Долг е 300 метри, а широк 100 метри и се лоцира на 500 метри од морето. Температурата внатре е секогаш околу 30 степени, покривот е небесно син, а дури и има „облаци“. Има вештачки вулкан и вештачки генератор на бранови.
Најполниот базен со луѓе
Не верувате на сликата? Овој неверојатно полн базен се наоѓа во Токио. Преку лето, многу тешко може да се најде вода внатре во овој базен.
Базен црвен како крв
Овој хотел во Koh Samui островот е препознатлив по неговиот црвен базен и високите дрва што растат во хотелот. Базенот е главна атракција во хотелот.
Плејбој базенот
Новата вила на Хју Хефнер, Sky Villa, во Палмс Лас Вегас го има овој базен на врвот од кулата. Базенот е внатре, а џакузите се од страна. Базенот покрива две акри, има ди-џеј, концерти се одржуваат таму,а и има 27 приватни простории со 32 инчен лцд телевизор, фрижидер и фен.
Најдлабокиот базен во светот
Nemo 33 базенот во Белгија е 33 метри длабок. Наполнет е со 2.500 литри нехлорирана вода и содржи неколку подводни пештери на ниво од 10 метри. Има многу подводни прозорци кои овозможуваат посетителите да погледнат во базенот на различни длабочини.
Базен за глобално затоплување
Не, Њујорк не е под вода(сеуште), туку ова е реклама на индиската компанија Ogilvy & Mather, од Мумбаи. Банката сакала да ја зголеми свеста кај луѓето за глобалното затоплување, па паметните момци ставиле слика од градот гледана од авион на дното на базенот….Ефектот на потопен град е фантастичен.
Бескраен базен
Ова е бескраен базен кој „гледа“ во еден прекрасен пејсаж од неколку катови погоре. Ова дефинитивно е преубаво место за гледање на зајдисонцето од Crown Towers хотелите на Taipa Island Macau.