„Сите луѓе се раѓаат слободни, еднакви по достоинство и права“, гласи првиот член од Општата повелба за човекови права.
Со раѓањето и со првите моменти од животот човекот ги поседува своите права. Тие се загарантирани, неотуѓиви и регулирани со низа меѓународни документи.
Современата меѓународна регулатива на човековите права и слободи започнува со Повелбата на Обенитите нации од 1945 година. Повелбата, како една од севкупните цели на ОН ја прогласува и ja дефинира потребата од сорабтката меѓу државите , со цел да се справи со „меѓународните проблеми од економски, социјален, културен и хуманитарен карактер, како и унапредување и поттикнување на почитувањето на човековите права и основните слободи за сите без разлика на расата, полот, јазикот или религијата“, наведени во првиот член од Повелбата.
Сите држави членки на Обединетите нации со Повелбата се обврзани на индивидуална и колективна акција со цел да се создадат услови за стабилност и за благосостојба неопходни за мирољубиви и пријателски односи меѓу нациите врз основа на почитување на принципот на еднакви права и самоопределување на народите.
Универзалната декларација за човековите права на Обединетите нации пргласена е на 10 декември 1948 година, поради што овој датум се одбележува како Меѓународен ден на човековите права.