10 алтернативи за Mininova

mininova_alternativiПосле речиси пет години постоење, Mininova го ограничи пристапот до повеќе од милион торенти кога делумно ја затвори својата веб страница. Отсега само на одобрените издавачи им е дозволено да аплоадираат фајлови на овој сајт, но за среќа постојат повеќе алтернативи и потенцијални замени за BitTorrent корисниците.

mininova2После речиси пет години постоење, Mininova го ограничи пристапот до повеќе од милион торенти кога делумно ја затвори својата веб страница. Отсега само на одобрените издавачи им е дозволено да аплоадираат фајлови на овој сајт, но за среќа постојат повеќе алтернативи и потенцијални замени за BitTorrent корисниците.

Со импресивни 175,820,430 посети и речиси милијарда отворања на страниците во последниве 30 дена, Mininova постави рекорд кој тешко ќе може да се надмине во блиска иднина. Минатиот август, холандскиот суд одлучи дека Mininova ќе мора да ги отстрани сите линкови до „незаконските“ торенти. Оттогаш, бидејќи речиси е невозможно да се филтрираат сите потенцијални торенти кои ги прекршуваат авторските права, тимот на Mininova реши да дозволи аплоадирање торенти само од одобрени и авторизирани аплоадери. Ова резултираше со бришење на повеќе од милион торенти, од кои повеќето воопшто не ги кршеа авторските права.

За среќа постојат мноштво алтернативи за оние BitTorrent корисници кои се во потрага по последните верзии на Ubuntu, OpenSUSE и Fedora. Еве една случајна листа на сајтови за торенти кои се сè уште од отворен карактер, а,  се рабира, постојат и стотина други кои исто така би можеле да бидат вклучени. Доколку вашиот личен фаворит не е вклучен во оваа листа, слободно спомнете го во коментарите подолу.

1. Vertor

2. SeedPeer

3. Torrentreactor

4. ExtraTorrent

5. KickassTorrents

6. BTjunkie

7. isoHunt

8. yourBitTorrent

9. The Pirate Bay

10. Fulldls

- Реклама -