Според тестирањето ПИСА, кое опфати 540.000 ученици од 72 земји, македонските ученици или нашиот образовен систем е на 68 место. Односно, зад нас се само Косово, Алжир и Доминиканската Република.
Резултатите на ПИСА тестот покажаа дека најголем процент од учениците од нашата држава се со оцена 1. Дури 62,9 % од учениците од нашата држава во подрачјето науки се под или на ниво 1, а во математика и во читање тој процент е и повисок (околу 70 %). ОЕЦД-просекот во сите три подрачја е многу помал, односно е околу 20 %. Нивоата 5 и 6 од нашата држава во подрачјето наука и во подрачјето читање ги достигнале само по 0,2 % од учениците, а во подрачјето математика 0,9 %. ОЕЦД-просекот е многу повисок, односно за наука е 7,7 %, за читање 8,3 %, а за математика 10,7 % “. (Бројот на учениците во редовните средни училишта, изнесува 71 458). (Значи 144 ученика го решиле тестот)
„Учебници нема. Добар дел од професорите во средните стручни училишта ќе продолжат да им диктираат на учениците оти немаат учебници по предметот што го предаваат“.
„Анализата на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, потврдија дека досегашните реформи не го трансформирале, не го подобриле образовниот систем доволно за да им помогне на најголемиот број ученици да ги достигнат основните знаења“.
Сега тоа не е нешто кое не го знаеме, бидејќи сите многу добро знаеме дека никој не е задоволен од воспитно-образовниот систем, ниту наставниците се задоволни, ниту родителите, ниту општеството а најголемиот проблем е што системот создава генерации кои не можат да се снајдат во животот. Оттука, политиката во овие 20 години нема визија за воспитно-образовниот систем. За жал не им пречи секојдневното потонување во импровизации, волунтаризам и провинцијализам.
Целата статија тука