ЦУК: До 19 часот се пријавени 16 активни пожари

До 16 часот попладнево, според ЦУК, во државата имало 11 активни пожари

Пет нови активни пожари се регистрирани на територија на државата. Ова го покажуваат последните ажурирани податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според кои, до 19 часот вечерва има 16 активни пожари, што е зголемување во однос на единаесетте пожари кои беа активни до 16 часот попладнево.

„До 19:00 часот низ државата имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, шест се под контрола и 16 се изгаснати“,

информираат од ЦУК.

Пожарот кај Галичица е сè уште активен. Претходно денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот кај Галичица е ставен под контрола и дека на негово гаснење денеска учествувале над 120 лица.

- Реклама -