ЦУК: Активни два – под контрола е пожарот на Галичица

Активен пожар има во Општина Чашка, кај местото викано Котева Круша, атар на селото Оморани префрлен на планина Мукос, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод, во селото Грешница, кај резервоарите со селски водовод, каде исто така гори мешана шума

Од вкупно 20 пожари на отворено, активни се два, под контрола се ставени три, а 15 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен пожар има во Општина Чашка, кај местото викано Котева Круша, атар на селото Оморани префрлен на планина Мукос, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод, во селото Грешница, кај резервоарите со селски водовод, каде исто така гори мешана шума.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Демир Хисар, кај Плакенска планина, над селото Вирово, во Општина Кичево, кај селото Цер кон селото Старец и во Општите Охрид и Ресен, на планината Галичица чадење на две места, кај Зли Дол.

Изгаснати се 15 пожари, во Општините Ресен, Боговиње, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Македонски Брод, два во Сарај, во Чаир, Шуто Оризари, Арачиново, два кај Прилеп, Долнени и кај Брвеница.

- Реклама -