Следната година во Скопје ќе се одржат натпревари со високо рангирани пингпонг играчи

По три меѓународни натпревари во младинска категорија (World Table Tennis Youth Star Contender) и Европско првенство во категорија до 21 година, Македонија ќе биде домаќин на „World Table Tennis Contender Skopje 2025“ од 9 до 15 јуни 2025 година, објави Пингпонгарската федерација на Македонија.

Ова е уште едно големо признание за ППФМ затоа што влегува на мапата на светски натпревари во сениорска категорија.

На официјалната веб страница на „World Table Tennis“ денес беше објавен датумот за одржување на натпреварот и со тоа започна пријавувањето на истиот кој е отворен за повеќе од 100 учесници.

Натпреварувачите ќе настапуваат во поединечна категорија, мажи и жени, во двојки и мешани двојки.

- Реклама -