Натпреварувањето ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и според најавите ќе учествуваат учесници од вкупно 35 држави.
На отворањето ќе присуствуваат членови од државниот врв и амбасадори, а како дел од ревијалниот дел е предвидена и Парада на нации за претставување на сите учесници.
„IDO World Hip-Hop & Street Dance Show 2024“ е во организација на клубот „Брејк а Лег“, и ќе се одвива до 17 октомври. Ќе учествуваат околу 5000 танчери, а публиката ќе има можност да проследи натпреварувања во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.