,,Жената – мајка на патот од секојдневието до боженственото“, е насловен ликовно поетскиот и музички перформанс, што се реализираше вечерва во галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. На настанот беа изложени ликовни дела на кавадаречките ликовни уметници Лазар Дојчинов и Марина Убавкова.
Во мултимедијалниот настан, свое учество зедоа и претставнички на Здружението ,,Вешти жени” од Кавадарци.
Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова подвлече дека активностите се посветени на жените и мајките кои се многу важни. На нивната несебична мајчинска љубов.
За артефактот ,,Големата мајка” на македонска територија, говореше писателот Тодор Богев.
Дојчинов се заблагодари на локалната самоуправа, а Убавкова рече дека жената е вечна инспирација на уметниците и додаде дека таа инспирација доминира во нејзиното творештво.
Поетесата Тодорка Андова ја прочита нејзината најнова песна со наслов ,,Мајка”.