На 13 ноември 2024 година, во 00:30 часот во с.Дебреше, на патот за село Здуње, полицијата од ОВР Гостивар го лишила од слобода 36-годишниот С.С. од истото село. Лицето било приведено врз основа на централен распис за сторени кривични дела – кражби и тешки кражби во подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, како и за кривично дело противправно лишување од слобода.
При обидот за приведување, С.С. се обидел да им побегне на полициските службеници, скокнувајќи од бетонски ѕид, при што се здобил со тешка телесна повреда, потврдена во Ургентниот центар во Гостивар.
По укажаната медицинска помош, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.