На 16-ти мај во 20 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, ќе биде изведена претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ.
По изведбата на претставата која ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од Медуза.
Влезот на претставата е слободен, а програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund и Sigrid Rausing Trust.
Продукцијата на претставата е на Битеф Фестивал и Центар за културна деконтаминација, Белград, Србија.
Во претставата се користени текстови на Силвиа Федеричи (Silvia Federici), Ангела Димитракаки (Angela Dimitrakaki), Велериа Грациано (Valeria Graziano), Катја Празник (Katja Praznik), Дениел Чајлд (Danielle Child), Хелена Рекит (Helena Reckitt) и Џени Ричердс (Jenny Richards).
Жените и работата е главниот мотив на проектот Свет без жени. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија.
Со сите свои правила, специфики и статус, може да се причини дека театарот е далеку од „нормалниот“ живот, но тој сепак претставува добра студија на случај за пошироките општествени процеси. Затоа, прашањето за жените и работата не се третира само во контекст на театарот, туку и како клучен мотив за промислување некои идни еманципаторски политики. Ако не можеме да ги надминеме односите на моќ и да смислиме некои нови модели во театарот, низ кои создаваме поинакви и нови светови, можеме ли да очекуваме дека тоа ќе ни успееме во реалниот свет?
Претставата ги надминува пребројувањето, цитатите и рамките на либералниот феминизам и се обидува да отвори простор за визуелизирање на политички и афективни дејства кои интервенираат во постоечкиот систем и структурите на нееднаквости. Можеме ли одново да ја замислиме синдикалната борба во театарот? А женски синдикат? Што ако жените во театарот покренат штрајк? Дали тоа би било предизвикано од ниските плати или од сексизмот и мизогинијата на кои постојано се изложени? Слаломот низ тие теми нè носи до обид да бараме нов јазик, политички, театарски и поетски – нов јазик на жените, работата и левицата за деновите што доаѓаат.
Авторката на проектот Маја Плевиќ дипломирала на ФДУ Белград и докторирала на оделот за Теорија во уметноста и медиумите на Универзитетот за уметности во Белград. Нејзините пиеси (Кора од портокал/Pomorandžina kora, Јас или Некој друг/Ja ili Neko drugi, Боливуд, Белград Берлин, Можеби ние сме Мики Маус/Možda smo mi Miki Maus…) се преведени на повеќе јазици, поставувани низ Србија и Европа и објавени во бројни антологии. Од 2012 активно режира, развива авторски проекти (Тие живеат/Oni žive, Последици/Posledice, Нема надеж/Nema nade, Слобода е најскапиот капиталистички збор/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Lonely Planet), и ги изведува своите пиеси. Добитничка е на повеќе важни награди, меѓу кои и на наградата “Борислав Михајловиќ Михиз” за пишување драми и на Стеријина награда за најдобра современа драма за Кора од портокал и за Последните девојчиња/Poslednje devojčice. Живее и работи во Белград и Бечиќи. Посакува апокалипса.
Маја Плевиќ дипломирала на ФДУ Белград и докторирала на оделот за Теорија во уметноста и медиумите на Универзитетот за уметности во Белград. Нејзините пиеси (Кора од портокал/Pomorandžina kora, Јас или Некој друг/Ja ili Neko drugi, Боливуд, Белград Берлин, Можеби ние сме Мики Маус/Možda smo mi Miki Maus…) се преведени на повеќе јазици, поставувани низ Србија и Европа и објавени во бројни антологии. Од 2012 активно режира, развива авторски проекти (Тие живеат/Oni žive, Последици/Posledice, Нема надеж/Nema nade, Слобода е најскапиот капиталистички збор/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Lonely Planet), и ги изведува своите пиеси. Добитничка е на повеќе важни награди, меѓу кои и на наградата “Борислав Михајловиќ Михиз” за пишување драми и на Стеријина награда за најдобра современа драма за Кора од портокал и за Последните девојчиња/Poslednje devojčice. Живее и работи во Белград и Бечиќи. Посакува апокалипса.
Олга Димитријевиќ е родена во 1984 во Белград, СФРЈ. Во својата работа ги истражува темите на општествените борби и неправди, женското пријателство и солидарност, квир историите, границите на политичката имагинација и можностите за подобар свет. Авторка е на повеќе пиеси (Моја ти/Moja ti, Фолк драма/Narodna drama, Работниците умираат пеејќи/Radnici umiru pevajući…) и на авторските проекти (Црвена Љубов/Crvena Ljubav базиран на новелата на Александра Колонтај (Alexandra Kollontai), Слобода е најскапиот капиталистички збор/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Лепа Брена Проект/Lepa Brena Project со Владимир Алексиќ, Lonely Planet со група автори, Радио Шабац/Radio Šabac, Драма за крајот на светот/Drama o kraju sveta). Работела како драматург на многу претстави во Србија и за својата работа има добиено неколку награди. Во 2019 учествувала на меѓунардониот форум Theatertreffen. Живее и работи помеѓу Белград и Ријека. Често сонува за револуција.