Многумина нѐ прашаа зошто не организираме друштвени настани? Не одговоривме никому ништо, туку седнавме, мислевме и еве го одговорот.
Во очи празникот „Св. Кирил и Методиј” ве каниме на првиот Трн настан.
Вечерва од 20 часот сме во Бруталиск.
Дојдете и „боцнете” од кириличното мени:
– Јовица Михајловски со кириличен поздрав
– Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет
– Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со изведба на народно творештво собрано од Цепенков
– ТеатроСк со статуa од собирачот на народно творештво
– Давор Кешкец ќе црта кирилица во живо
– Васо со свој диџејски перформанс
БОЦКАМЕ на КИРИЛИЦА
Вечер во 20 часот
Бруталиск