Поетски настап на Француската уметничка трупа Кидам

Во петок, на 28 јуни, во 21:00 часот од Музејот на град Скопје, низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот Карпошово востание, поетски настап ќе има Француската уметничка трупа Кидам.

Уличниот спектакал насловен како „Сонот на Ебер“ е во знак на одбележување на 50 Години Француски Институт Скопје.

Како дел од прославата за одбележување, изминатиов месец Францускиот Институт Скопје организирараше низа настани меѓу кои изложби, танцов перформанс, премиера на филм и успеа да го донесе најдоброто од француската култура и уметност во земјава.

- Реклама -