Повторно се разгоре пожарот во Расадникот во Кисела Вода, го изгаснале жителите од околните куќи

Пожарот, со брзата интервенција на жителите, кои делувале додека да стигнат противпожарните екипи, веднаш бил изгаснат

Пожарот во Расадникот во скопска Кисела Вода, што беше целосно изгаснат околу 20 часот, доцна вечерва повторно се разгорел. Пожарот, како што велат жителите од околните објекти, се активирал на еден од краевите на Расадникот каде има и куќи.

Пожарот, со брзата интервенција на жителите, кои делувале додека да стигнат противпожарните екипи, веднаш бил изгаснат.

Вечерва, командирот на скопската противпожарна единица Звонко Томевски информираше дека пожарот е целосно изгаснат и затоа екипите се повлекле од местото.

Во пожарот во Расадникот, што избувна денеска околу 17 часот, опожарена е површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва.

- Реклама -