Патувачкото кино на МакеДокс на 4 и 5 септември во Цапари

Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче.

Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни.

На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.

Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија.

Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни.

Магаренцето ќе се растовари во Цапари на 4 и 5 септември, 20.00 часот, сретсело,

Се гледаме на проекција под отворено небо, за единствено доживување!

- Реклама -