Познатиот македонски уметник Никола Пијанманов, кој е и член на овогодишното интернационално филмско жири на „Астерфест“, изработи уникатни скулптури што од оваа година ќе бидат официјални награди за лауреатите на „Астерфест“, добитници на „Астер“, „Златна“, „Сребрена“ и „Бронзена потковица“ и Гран при на Фестивалот.
Жирито во кое, покрај Пијанманов од Македонија, членуваат и Зејгам Азизов од Велика Британија и Ганимет Сава од Косово, ќе одлучува за најдобрите авторски кусометражни филмови во натпреварувачката програма.
Покрај овие награди, ќе се доделат и специјалните плакети „Ацо Алексов“ за најдобар автор и „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио.
Овогодишното издание на „Астерфест“ ќе се одржи од 1 до 5 август, во Струмица, под мотото „Кинореалност ’24“.