Мицкоски: Однесувањето на ДУИ претставува закана по мирот и стабилноста на државата

Според него, начинот на кој функционира демократијата не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може да се биде малку со едните, па малку со другите, особено што рече дека со ДУИ имаат дијаметријално различни платформи

ДУИ со своето однесување ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. Ние ќе ги преземеме сите неоходни мерки како влада, да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Ова во интервју за неделникот „Фокус“ го рече премиерот Христијан Мицскоски, одговарајќи на прашање дали иницијативите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), за модусот принцип„победник со победник“ да влезе во правниот систем и концептот за територијална реорганизација според белгиски модел може да предизвикаат конфликт во државата.

Во суштина, смета Мицкоски дека пораките на ДУИ се обид грчевито да се брани богатството стекнато изминативе 20 години на власт.

Не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат несвесно изманипулирани, а тоа може да го предизвика територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како влада тоа да го браниме и да се одбраниме“,

рече тој.

За тоа дали смета дека има информации дека се подготвуваат илични сценарија и протести, премиерот посочи дека нема такви информации, но дека протестите се легитимни се додека се демократски и мирни, но ако преминат во насилно, повтори дека тогаш како влада имаат право да го бранат суверенитетот на државата.

Според него, начинот на кој функционира демократијата не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може да се биде малку со едните, па малку со другите, особено што рече дека со ДУИ имаат дијаметријално различни платформи.

„Не може седум години да бидете во влада со СДСМ и да речете – тоа веќе не важи и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа така не може. Вие сте го избрале вашиот коалициски партнер врз основа на програма сте функционирале, без разлика каква била таа. Таа била владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целиот процеес. ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ‘Вреди‘ и ЗНАМ повеќе од 600 илјади. Јасна е волјата на народот“,

рече Мицкоски.

Во таква политичка реалност, како што вели премиерот, во име на парламентарната демократија, поразените треба да одат во опозиција, а победникот ја создава структурата на идната влада

- Реклама -