Пукањето, како што информираат од МВР, се случило во 20:20 часот на улицата „Цветан Димов“
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека вечерва имало пукање во населбата Чаир во кое едно лице е повредено.
Пукањето, како што информираат од МВР, се случило во 20:20 часот на улицата „Цветан Димов“. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.
Повредениот, додаваат од полицијата, бил пренесен во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се укажува помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на улицата ‘Цветан Димов’ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило ‘пасат’. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се вели во информацијата од МВР.
„360 степени“ веќе објави за инцидентот што се случил во близина на супермаркетот „Веро“, на раскрсницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”.
Повреденото лице, според информации на „360 степени“ е со иницијали А.Б..