Летна школа за дигитална писменост

Универзитетската Библиотека Св. Климент Охридски, Битола, распишува повик за учесници во рамки на проектот „ Летна школа за дигитална писменост“.

„Живееме во свет каде интернетот и дигиталните технологии се нераскинлив дел од нашето секојдневие. За да се справиме со предизвиците на модерното време и да ја подобриме нашата вработливост, важно е да се стекнеме со дигитални вештини и знаења. Затоа, Ве покануваме да учествувате во Летната школа за дигитална писменост, која е дизајнирана да ги подобри вашите дигитални вештини за време на летниот распуст“ порашуваат од библиотеката.

Оваа образовна иницијатива опфаќа широк спектар на теми:

• Интернет и информациска писменост: Научете како да пребарувате, оценувате и критички анализирате информации на интернет.

• Дигитална комуникација: Истражете различни алатки за дигитална комуникација и научете за правилен бонтон и стратегии.

• Безбедност и приватност на интернет: Запознајте се со практиките за заштита на вашите лични информации и безбедно прелистување.

Прочитајте и:  Новите технологии за бојадисување на автомобилите ја заштедуваат и батерија

• Медиумска писменост: Развијте вештини за критичка евалуација на медиумска содржина.

• Дигитално државјанство: Научете за одговорно и етичко однесување на интернет.

• Дигитална креативност: Откријте креативни дигитални алатки како графички дизајн и кодирање.

• Сајбер безбедност: Подигнете ја свеста за сајбер заканите и научете како да се заштитите од нив.

Целна група се млади на возраст од 18-24 години од Пелагонискиот регион, вклучувајќи ги Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Новаци, Ресен, и Долнени. Проектот ќе вклучи 20 учесници, со еднаква застапеност на машки и женски пол, а придобивките се развој на дигитални вештини и знаења за академски и професионален успех, поголема вработливост и подготовка за дигиталниот пазар на труд, благодарница за учество кој ќе го подобри вашето CV.

Заинтересираните кандидати може да се пријават преку испраќање на CV и кратка мотивациско писмо на e-mail: nuubbitola@gmail.com.  Рокот за пријавување е до 18.08.2024 година

- Реклама -